17 Декември, 2025
0.0493

НИКОЛА МИНЧЕВ ПОВЕЌЕ НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ - опозицијата го разреши спикерот, во бугарското Собрание има ново мнозинство

Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2022 13:44

Добивај вести на Viber

Никола Минчев веќе не е претседател на бугарскиот Парламент откако денеска пратениците гласаа за негово разрешување со 125 гласа „за“.

Против беа 113 пратеници. Еден пратеник беше воздржан.

Барањето за негово разрешувње беше поднесено вчера со потписи на 120 пратеници од „Има таков народ“, ГЕРБ-СДС, ДПС и „Преродба“.

Меѓу причините се прекршување на Уставот и деловникот на Собранието, како и попречување на нормалната законодавна активност и спроведување на ефективна собраниска контрола.

-Во пленарната сала има ново мнозинство, порача Минчев од собраниската говорница на дебатите за неговото отповикување.

Никола Минчев од парламентарната група на партијата „Продолжуваме со промената“ беше избран за претседател на 47. Народно собрание на 3 декември минатата година. Неговата кандидатура ја предложи актуелниот премиер Кирил Петков.

-Му се заблагодарувам на Никола Минчев за добро завршената работа. Тој успеа да го води овој парламент на најдијалошки, најпрофесионален начин што можеше. Тој навистина стана жртва не на својата работа, не на неговите постапки, туку на коалиција која сега се формира меѓу ГЕРБ, Преродба СДС и останатите луѓе во „Има таков народ“ кој реши дека без разлика на професионалните квалитети ќе гласа против“. Ова го порача Кирил Петков од собраниската говорница, неколку минути откако беше разрешен Никола Минчев.

Инаку, барањето за негово разрешувње беше поднесено вчера со потписи на 120 пратеници од „Има таков народ“, ГЕРБ-СДС, ДПС и „Преродба“.

„Барањето за мое разрешување е со иста позадина како и барањето за гласање за недоверба на Владата следната недела. Во пленарната седница има ново мнозинство“, рче Минчев.

Според него, новоформираното мнозинство не само што не носи промени, туку цврсто ќе го зачува стариот модел.

„Во таков парламент уште подобро е да не бидам претседател, оти испадна дека тие што требаше да збришат сега сакаат мене да ме збришат. Ако треба да избереме нов претседавач, сакам тој или таа да биде објективен како што се обидов јас“ рече Никола Минчев.

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков разговараше со новинарите во Собранието неколку минути откако Никола Минчев беше разрешен од функцијата претседател на Народното собрание.

– Во овој парламент има ново мнозинство, рече Петков.

Според него, тоа се Преродба, ДПС, останатите пратеници од ИТН и ГЕРБ. ИТН дојде до идеја да го избрише ГЕРБ и гласаа со нив, објасни Петков.

– Преродба вее знамиња, а ДПС зборува за правата на сите Бугари и решија да се соединат. Сите се тука за политички игри, нема морал, но добрата вест е што ова го видоа сите Бугари, рече премиерот на Бугарија.

– Сите што гласаа против господинот Минчев јасно ставија до знаење дека не им е грижа за оваа држава, тоа се маркетиншки фирми што лажат… Ние не се плашиме од избори, бидејќи луѓето што гледаат во моментов можат да имаат јасна претстава за тоа што се случува, рече Петков.

Можеби ќе ве интересира

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6