Никола Тодоров вели дека Бугарите се големи провокатори
Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2020
Бугарите се големи провокатори, изјави денеска екс министерот за здравство, Никола Тодоров во Студио 10 на ТВ 24.
„Замислете, ние да влезевме пред 25 години во ЕУ, да го решевме спорот со Грција. И тогаш ние ќе и поставувавме блокади на Бугарија, како што тие сега прават. Овој спор нема да биде едноставен и премиерот Заев треба да биде многу внимателен“, рече Тодоров.
Вели дека премиерот Зоран Заев ќе погреши доколку ги залади односите со Бугарија.
„Треба Заев да оди во Бугарија и Македонија да почне преговори. Тој има обврска да направи се за да почне преговори, а да не направи штета. Ќе му биде најголемата грешка што ќе ја направи Заев доколку не отиде, да не не доведе во ситуација да не сме она што сме“ - вели Тодоров.
Новинар објави каков нон пејпер прифатила Бугарија неодамна на средбата во Берлин, но потоа се повлекла.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.