20 Декември, 2025
0.0380

Николче Димоски, FXLider: Вработеноста во Америка и порано го поместувала доларот, се очекува дека и сега ќе го направи истото

Објавено во: Мои пари 03 Декември, 2013 13:36

Добивај вести на Viber

Експертите на FXLider секоја недела за Вас ги анализираат најзначајните случувања кои можат да имаат најголемо влијание на светскиот финансиски пазар. Господине Димоски, утре чекаме објавување на извештајот за вработеност надвор од земјоделството.Што поточно тој претставува? ADP* (Automatic Data Processing Inc) извештајот за вработеност надвор од земјоделството е месечен извештај кој го спремаADP и ја мери вработеноста на пример од 500,000 американски компании.Со овој извештај се покажува промената на вработеноста во текот на претходниот месец меѓу американските компании во секторите кои не го вклучуваат ни земјоделскиот ни јавниот сектор, и се објавува два дена пред NFP** (Non-Farm Payrolls ) извештајот.Во рамките на овој извештај не е опфатен земјоделскиот сектор заради сезонското вработување кое може да ја смали прецизноста на податоците.Како извештај од овој тип кој прв се објавува, има значајна улога во отсликувањето на ситуацијата на американскиот пазар на работа и често се користи во прогнозата за извештајот за вработеноста надвор од земјоделството. (NFP). Какво влијание на пазарот имал овој извештај во минатото? Откако на 30. октомврие објавно дека ADPизвештајот за вработеноста надвор од земјоделството покажал дека во текот на минатиот месец е додаден мал број на нови работни места во однос на претходниот месец како и во однос на прогнозите, долар индексот во наредните три дена пораснал 1.93% Какви се очекувањата на пазарот по објавувањето на овој извештај? Овој пат прогнозите на економистите се прилично амбициозни и се очекува значаен раст на бројот на новите работни места во однос на претходниот месец.Доколку не се оствари вака позитивен резултат доларот би можел повторно да порасне како што се случи после минатото објавување на овој извештај.Доларот како и златото на пазарот имаат улога на засолниште на пазарот и инвеститорите често вложуваат во него за да ги осигураат своите инвестиции кога се зголемува несигурноста на пазарот. Николче Димоски,дипломиран економист и сениор експерт во FXLider * AutomaticDataProcessingInc. – компанија која е еден од најголемите светски провајдери на статистички анализи. ** NonfarmPayrollе извештај кој го објавува статистичкото биро на министерството за труд во Амерка и не ги вклучува вработените во јавниот сектор,невладините организации како и секторот за земјоделство. Ако Ве интересира реакцијата на пазарот на овој показател и како може истиот да се искористи,регистрирајте демо сметка на време на линкот oвде>>  

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии