05 Декември, 2025
0.0325

НИКОЛИЌ: Да го насочиме Дунав кон Македонија, по Вардар да се плови!

Објавено во: Економија 27 Октомври, 2012 18:23

Добивај вести на Viber

Во првата посета на претседателот на Србија Томислав Николиќ, освен за политика, се разговараше и за крупни економски проекти. Според Николиќ, стратешките инвестиции треба да бидат во инфраструктурата и енергетиката. „Ние сме во преговори барем со десет кинески инвеститори, кои сакаат да градат огромни инвестиции, како Ѓердап три, термоелектраната „Никола Тесла“, а тука е и старата идеја за која треба да се разговара со Македонија, но и со Грција. Да свртиме еден дел од Дунав, преку Морава и Вардар до Егејското море и да направиме за две илјади и двесте километри покус пат за стоката која се транспортира од Кина до Германија и обратно, но би било добро и за наводнувањето на нашите три држави. Тоа е проект кој постои 70 години но никој не се осудуваше да влезе. Ние ќе се осудиме ако успееме да се собереме сите три држави на тој проект, а тоа би било можност Македонија и Грција да седнат на иста маса. Во трите држави се живее тешко и ни се потребни инвестиции“ изјави српскиот претседател Томислав Николиќ.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава