Добивај вести на Viber
Белград направил се што било потребно и дека очекува ЕУ на 28 јуни да донесе одлука за започнување преговори за членство со Србија. Ова е ставот на српскиот претседател Томислав Николиќ, кој вели дека дека на Самитот на Централноевропската иницијатива во Братислава, на шефовите на европските држави им укажал дека негативната одлука , би можела „многу лошо да влијае на односот на граѓаните на Србија кон ЕУ“.
Како што пренесе Танјуг, Николиќ смета дека неговата држава направила тешки чекори со договорот со Косово, со што прв пат на еден меѓународен собир е овозможено претседателката на Косово, Атифете Јахајага да учествува заедно со српскиот претседател.
Не е можна Европската унија без Србија и неприфатливо е некои земји од регионот да добуваат високи оцени од страна на ЕУ, иако во споредба со Србија немаат разлики во владеењето на право, почитување на човековите права, правата на малцинставата, борбата против криминалот и реформите на правосудството, рече Николиќ.