Николоски: Воведуваме уште пет нови авиолинии и тоа до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано, а до Скопје од Будимпешта и Наполи
Објавено во: Економија 03 Септември, 2025 16:42
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски соопшти денеска дека до Охрид ќе се лета од Катовице, Вроцлав и Милано на главниот аеродром, а до Скопје од Будимпешта и Наполи.
„Имаме три убави вести во однос на авиосообраќајот, а тоа е дека воведуваме уште пет нови авиолинии и тоа до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано, а до Скопје од Будимпешта и Наполи. Визер следната година ќе понуди 3,3 милиони седишта за Македонија што директен импакт ќе има врз туризмот и економијата, а ќе донесе шест нови авиони од типот Ербас А321. Дополнително ќе работиме да се вработат уште стотина македонски граѓани во авиокомпанијата“, истакна на Николоски.
До охридскиот аеродром ќе се лета од Катовице -Полска од 28 јуни следната година, Вроцлав исто така Полска од 28 јуни следната година, што е многу значајно за отворање на Полска како земја која е многу заинтересирана за туризам во Македонија, особено полските туристи се доста добродојдени во охридскиот регион и третата дестинација е Милано-Малпенса главниот аеродром која исто така ќе оперира од 28 јуни следната година.
„На тоа додаваме уште две нови линии кон скопскиот аеродром, Наполи-Италија со почеток од 6 април следната година и Будмишта -Унгарија од 6 април следната година. Ако на ова ги додадеме претходните пет линии кои ги објавивме пред месец дена, тоа е главниот аеродром Стокхолм и Мадрид кои почнуваат од 2 ноември, потоа Келн кој што почнува на 20 декември, Бари и Прага исто така на 20 декември и Ларнака која почнува на 30 октомври, тоа се вкупно 11 нови авиолинии за само месец и половина во соработка со нашите пријатели од Визер. Втората вест е дека Визер на скопскиот аеродром ќе донесе шест авиони кои ќе бидат постојано присутни на аеродромот, до сега беа четири, ќе оди и на 7-8 и што е многу значајно прават замена на старите Ербас А320 на нови Ербас А231, кои се најмодерните авиони во светот во моментов. Тоа се авиони кои најмалку загадуваат и прават помалку бучава и авиони кои се со 239 седишта што ќе значи околу 59 отсто зголемување на капацитетот од следната година. Визер од следната година ќе понуди 3, 3 милиони седишта за Македонија што може да замислите што ќе значи за туризмот и за економијата во Македонија. Третата добра вест е 200 Македонци работат во Визер и таа бројка планираме во следниот период да ја зголемуваме за најмалку уште 100”, рече Николоски.
Извршниот директор на Визер, Јосеф Варади истакна дека во Македонија гледаат партнер и како пазарен лидер во регионот воведуваат бенефити за граѓаните. Потенцираше дека до крај на годината ќе воведат шест летала и пониски цени, како и 3,3 милиони седишта во следната година за Македонија што ќе значи развој на туризмот и економијата. Тој додаде дека очекува дополнително да се вработуваат македонски граѓани во компанијата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката





