Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот
Објавено во: Економија 20 Април, 2024
Економијата беше и останува врвен приоритет за Владата. Очекувањата кои беа споделени и на состаноците со ММФ и Светска банка се дека кризата е во најголем дел надмината и може да се фокусираме на економски раст и да ги постигнеме посакуваните стапки на раст. Ова го истакна заменик-министерот за финансии Филип Николоски во интервју за Гласот на Америка за време на учеството на Пролетните средби на ММФ и СБ во Вашингтон.
„Економијата е врвен приоритет за следната влада. Така беше во минатото, така ќе биде и сега. Не треба да заборавиме дека во овие 4 години менаџиравме криза. Имавме пост-ковид криза, енергетска криза и инфлаторна. Сепак, успеавме да го задржиме стандардот на граѓаните, пораснаа платите, пораснаа пензиите, имаме рекорден раст на просечната плата за овие 7 години. Главен фокус е задржување на стандардот на граѓаните. Во 2023-та, една Германија имаше негативен раст, од -0,3 oтсто. Со оглед дека Германија е наш најголем трговски партнер, не можеме да очекуваме дека ние како мала и отворена економија ќе имаме супериорен раст. Кога менаџираш кризи, не можеш да се фокусираш на раст. Сега на состаноците со ММФ и Светската банка, се говори дека во најголем дел, кризата е позади нас и е надмината. Тоа ќе даде еден поттик и во наредните 4 години македонската економија да го достигне оној посакуван раст и ќе се движи на ниво меѓу 4 и 5 проценти. Тоа ќе ја забрза економијата и ќе го подобри стандардот на граѓаните“, рече заменик-министерот за финансии.
Тој потсети дека во изминатите 4 години на криза никој не беше оставен сам и дека 9-те пакети антикризни мерки беа директно насочени и кон граѓаните и кон бизнис секторот. При тоа наведе дека се спроведуваат мерки и политики со кои се зачувува стандардот на граѓаните.
„Од 2017-та година, една просечна македонска плата заедно со една минимална плата, секојпат во овие 7 години се над нивото на потрошувачката кошничка. Така и сега просечната плата достигна 40.000, минималната плата е 23.000 денари, а потрошувачката кошничка е 60.000 денари. Токму со политиките и мерките што ги прави оваа Влада, се зачувува стандардот на граѓаните“, истакна заменик-министерот Николоски.
Тој упати и на остварувањата во 2023 година наведувајќи дека е реализирано највисоко ниво на буџетски приходи, највисоко ниво на реализирани капитални инвестиции од 700 милиони евра, највисок процент на раст на плата од 16 отсто.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.