Николов: Македонија нема капацитети за финализирање на минералните суровини
Објавено во: Економија 29 Мај, 2013
Со сеуште не решено барање на компаниите за пролонгирање на новината која предвидува финализирање на суровините во готов производ, фирмите од металургискиот сектор и Министерството за економија на денешната јавна расправа речиси ги доусогласија забелешките околу Законот за минерални суровини. Договорено е, по усвојувањето на измените, да се донесе пречистен текст на целиот Закон.
- Македонија нема капацитети за финализирање на минералните суровини. И покрај тоа што ова се предвидува во измените на законот за искористување руди, сепак е речиси невозможно да се примени во пракса. Рудникот Бучим тоа не може да го направи, концентратот на злато да го финализира во готов производ. Оттука сметаме дека примената на овој член треба да се одложи уште некој период, кога за тоа ќе се создадат услови во државата, истакна претседателот на Македонската асоцијација на рударството Николајчо Николов по расправата.
Добро е, додаде, да се тежнее кон финализирање на производите, извоз и продажба, тоа е желба и на секторот, но не е секогаш изводливо зашто се потребни капацитети кои Македонија ги нема. - Имајќи, пак, предвид колку суровини имаме, многу тешко ќе може да се направат економски оправдани објекти, нагласи Николов.
Тој му заблагодари на ресорниот министер Ваљон Сарачини за разбирањето, како и за можноста лично да ги слушне забелешките на компаниите, поздравувајќи ја иницијативата за разговор на заедничка маса.
Николов информира дека е постигнато усогласување во делот што ги регулира овластувањата, кој може да биде носител на проект од областа на рударството и геологијата.
Според професорот на Факултетот за природни и технички науки Зоран Панов, Законот е добро и квалитетно направен, ги штити интересите и на државата и на инвеститорите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.