Николов за „Поткуп“: Jас го натерував градоначалникот да го каже тоа
Објавено во: Македонија 26 Март, 2018
Откако МВР ќе ме опремеше со опремата за снимање, на средбите јас го натерував градоначалникот да го каже тоа, изјави бизнисменот Иван Николов одговарајќи на прашањето на Судскиот совет, дали директно му бил баран поткуп или тој самиот го нудел на Зоран Заев.
На денешното рочиште прашања на сведокот Николов му поставуваше и премиерот.
„Дали кога бевте во МВР се видовте и со некој друг висок функционер освен Чавков?Дали го познавате обвинителот Јован Цветановски? Дали од 2008 до 2013 има отворено истрага против вас или вашите фирми? Дали можеби 2013 е годината кога била прекината истрагата или отфрлено обвинението против вас? Дали отфрлањето е поврзано со вашата пријава против мене“ – прашуваше Заев.
Николов одговори дека нема поврзаност меѓу двата случаи.
Toj кажа дека не дал ниту евро на семејството на обвинетиот премиер Зоран Заев.
Заев и неговите адвокати пак, рекоа ќе донесат докази дека истрагата против бизнисменот е прекината кога тој го пријавил поткупот што му бил баран.
Премиерот и бизнисменот последен пат се слушнале дента кога СДСМ објави неколку „бомби“ во Универзална сала.