Николовска: Mинистрите наместо да му ораат на Субрата Рој, да дојдат во Битолско!
Објавено во: Агробизнис 01 Септември, 2013 19:00
Македонската пченица остана во амбарите, со увозот на пченица од Србија, велат земјоделците од битолското село Мусинци.
-Јас само имам 40-50 тона, не сум само јас, вели Коста Богоевски земјоделец од село Мусинци, објави „Тера“ -Ако се дозволи увоз ќе биде уште поголема катастрофа, изјави Јоцко Здравовски, земјоделец од село Мусинци. Денес во Мусинци беше и пратеничката Николовска која рече дека фактичката состојба на терен е загрижувачка зашто пченицата не е се уште откупена. -Поради евтиното увозно брашно, на мелничарите препорачаната цена од министерот, од 14 денари им беше висока, па тие што откупуваа пченицата ја плаќаа по 9 - 11 денари за килограм. Голем дел од родот земјоделците продадоа на црно, на трговци од Албанија. Затоа ја повикуваме Владата наместо да сече ленти на однапред пропаднати инвестиции и министрите наместо да му ораат на Субрата Рој, да дојдат во Битолско и да се уверат во состојбата за која зборуваме. Нека отидат во било кое село, нека влезат во било кој двор или амбар, ќе ги видат вреќите со непродадена пченица и очајот на земјоделците, изјави Ленче Николовска, пратеник од СДСМ. Николовска потсети дека опозицијата од почеток на откупот ја предвидела состојба, и затоа апелираше да се изврши интервентен откуп на 10. 000 тони пченица од индивидуалните земјоделци, за да се спаси годинешната реколта. Но наместо тоа владата се одлучи на условен увоз на пченица и брашно до завршување на откупот, со што го доведе во прашање извозот на останатите македонски земјоделски производи, кршејќи го договорот со ЦЕФТА. Ваквата ситуација со откупот на пченицата како што вели Николовска, е само уште еден доказ за погубната аграрна политика на оваа влада, која веќе станува опасна за домашното производство на храна.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





