Николовски бара од Владата пласман за јаболкото
Објавено во: Агробизнис 27 Септември, 2016 13:04
Бараме Владата да преземе итни мерки во следниот период се со цел да се обезбеди пласман на јаболкото, изјави дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Тој денеска при посетата на Преспа и Ресен, кажа дека е сведок на лошите земјоделски политики на власта.
„Ќе инсистираме преку субвенционирање на 30 отсто од трошоците коишто се транспортните за извоз да бидат покриени од државата. Токму преку оваа мерка, токму преку оваа директна финансиска поддршка од страна на државата сме убедени дека ќе се обезбеди пласман на земјоделските производи“ - рече Николовски.
Вели проблем се неисплатените и нередовните субвенции, неисплатените субвенции во износ од 60% за осигурувањето на земјоделските посеви од страна на државата, ниските откупни цени и слично.
„Но, како што и минатата година, така и оваа година, сведоци сме не само на лошите, туку и на криминалните политики на власта и на вмешаноста на власта и на локалните моќници во криминалниот откуп и во злоупотребите што се прават на грбот и маката на земјоделците“- вели Николовски.
Тој бара да се стабилизираат цените на пазарот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





