05 Декември, 2025
0.0300

Николовски и струмичкиот градоначалник разговараа за чистење на одводните канали и речните корита

Објавено во: Агробизнис 21 Февруари, 2018 16:14

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска имаше работна средба со градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски. На средбата, се разговараше за актуелните состојби и активности од областа на земјоделството, како што се чистењето на одводните канали и речните корита, тампонирање на полските патишта  и одржување на постојните и изградба на нови системи за наводнување.

Министерот Николовски беше во обиколка на дел од локациите каде што е во тек акција за чистење на одводните канали и речните корита од страна на општина Струмица и подружницата на АД Водостопанство.

На средбата министерот Николовски и градоначалникот Јаневски, се договорија за проширување на овие активности кои ќе дадат и поголем ефект во намалувањето на ризиците од поплави.

„Одржувањето на чисти одводни канали и речни корита е од исклучителна важност за заштита на околното население од поплави, а од земјоделски аспект, за обезбедување на обработливо земјиште за квалитетно производство, како и за заштита на веќе посеаните површини од елементарни непогоди.  Ваквите акции ќе помогнат во превенцијата од поплави, особено во овој регион. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,активно соработува со сите општини и со АД Водостопанство, се со цел да ја помогнеме реализацијата на овие клучни активности во делот на чистењето на речните корита и одводните канали, и за да обезбедиме безбедно земјоделско производство“, изјави министерот Николовски.

При тоа министерот Николовски посочи дека дека  идните мерки на МЗШВ, имплементирани  во Националната Програма за земјоделство и рурален развој, кои се во насока на обезбедување современи системи за наводнување на земјоделските површини, преку изградба на  микро-акумулации во рурални региони, системи за наводнување и одводнување, реконструкција на канали за наводнување и изградба на брани.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?