02 Декември, 2024
0.0329

Николовски: Исплатени 5,5 милиони евра на над 26.300 земјоделци за субвенции за житни култури

Објавено во: Агробизнис 02 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска беше во посета на земјоделците од Тетово, од каде соопшти дека се исплатени на субвенциите за житни култури.


„Ја продолжуваме праксата и нашето клучно ветување дадено пред граѓаните за редовна и навремена исплата на субвенциите. Вчера се исплатени 332 милиони денари или 5,5 милиони евра субвенции на над 26.300 земјоделци за субвенции за житни култури. Тогаш кога им се потребни овие пари ги враќаме назад кон земјоделците за повторно да ги вложат во новото производство оваа година“, изјави Николовски.

Со земјоделците во Тетово министерот дискутираше за моменталните состојби во секторот и нивните предлози, и ги презентираше новите мерки од програмите за финансиска поддршка и рурален развој.

Оваа година продолжува финансиската поддршка од 20 отсто повисоки субвенции за поледелските култури за земјоделците со развоен капацитет, и 10 отсто повисоки субвенции за грло добиток за истата категорија на земјоделци. Се олеснуваат критериумите за градинарството, односно засадената површина што се пријавува од оваа година ќе биде збирна за сите градинарски култури. На овој начин се намалува бројот на земјоделците кои претходно биле одбивани поради  сложените административни процедури.

Се воведува и нова мерка е за малите земјоделски стопанства под 1 хектар, која има за цел да направи раздвојување на развојните од социјално ориентираните мерки. Од оваа година 6.000 денари по хектар изнесува субвенцијата за земјоделците кои имаат до 0,5 хектари земја, а 12.000 денари за оние што имаат од 0,5 до 1 хектар земја. Преку оваа мерка се враќаат 130 милиони денари кај земјоделците.

Освен националните програми, особено за развојот на сточасртвото/говедарството се и мерките од ИПАРД, кои се важни за модернизирање на земјоделството и за кои веќе се подготвуваат нови огласи.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.