30 Септември, 2024
0.0269

Николовски: Ја разбирам разочараноста на Димитров

Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба со корупција, вели дека ја разбира разочараноста на Никола Димитров, вицепремиерот за евроинтеграции, кои повеќе нема да биде дел од Владата.

Димитров денеска рече дека не сакал сам да се повлече од функцијата, дека некој сакал намерно да го назначи за амбасадор во Вашингтон за да не зборува за спорот со Бугарија, но и дека не му верува целосно на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Не верувам дека ова излагање ќе предизвика потрес, ставовите треба да станат пракса во македонската демократија а не позадинските игри. Кога сте влезени чесно и одговорно за плата во политиката, нема што да се крие. Димитров дал силен придонес особено во Преспанскиот договор, поради кој Македонија е членка на НАТО и ја имаме сигурноста остварена како стратешки приоритет.

Покрај премиерот Заев, Димитров дал придонес во тој правец и верувам дека и во наредниот период ќе дава придонес во европската перспектива

Ние сме соочени со проблем со Бугарија, но нема никаква попустливост, туку се што правевме е заштита на јазикот, на традициите и се она што вековно ни е оставено да го чуваме

Ја разбирам разочараноста на Димитров, бидејќи навистина сакавме да преговараме со ЕУ, бидејќи тоа е начинот како да го трансформираме општеството. И верувам дека во тој процес ќе нема партии, групи, особено затоа што сме малку, туку да ги вградиме луѓето кои имаат компетенции“, рече Николовски во Битола како коментар побаран од новинарите.

Можеби ќе ве интересира

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО