Николовски на почетокот на следната недела вети субвенции за овоштарите
Објавено во: Агробизнис 28 Јули, 2017 17:22
МЗШВ е свесно за состојбата во која што се наоѓаат овоштарите од Преспанскиот регион. Токму затоа се прават напори да се излезе во пресрет на земјоделците и на нивните барања, соопштуваат денес од министерството.
„Едно од нивните барање и причина за револт се дел од неисплатените субвенци, и затоа ги информираме дека денеска се изготвени решенијата за исплата на 544 овоштари во висина од 28 милиони денари, пари кои производителите ќе ги добијат на почетокот на следната недела“, посочуваат од кабинетот на министерот Николовски.
Што се однесува околу исплатата на обештетувањето за ланските пролетни мразеви во Преспанскиот регион, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство подготви Информација која ќе се разгледува на една од следните владини седници.
„Воедно, ги информираме и останатите земјоделци, дека освен за овоштарство, изготвени се и решенијата за исплата на субвенции за лозарство и за штетите од невремето во општина Гази Баба. Исплатата и на овие субвенции ќе биде на почетокот на следната недела.
Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство продолжува да работи во интерес на земјоделците и земјоделското производство како важна стратешка гранка. Владата на Република Македонија ќе делува континуирано во делот на интервенциите и решавање на проблемите во земјоделството, тогаш кога ќе биде потребно“, се истакнува во соопштението.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





