05 Декември, 2025
0.0336

Николовски обвини дека системите за наводнување со години биле запоставувани

Објавено во: Агробизнис 01 Јули, 2018 10:18

Добивај вести на Viber

 Системите за наводнување со години биле запоставени и затоа има и намалување на земјоделското производство и намалување на квалитетот. Оваа година ќе исплатиме 12 милиони евра за водоснабдувањето, а следува и сеопфатна реорганизација, вели министерот за земјоделство Љупчо Николовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

  - Не знам како може да бидат до толку запоставени системите за наводнување и воопшто државата да не инвестира, да не ги реконструира и не се насочи кон изградба на нови системи. Она што ние го потенциравме и што го ветивме пред граѓаните и е дел од нашата владина програма, е дека десет милиони евра годишно ќе даваме за системите за наводнување. Оваа година, само преку Програмата за рурален развој, ќе исплатиме 12 милиони евра кои се наменети за делот за водоснабдувањето, навеудва Николовски.

Започнуваме, дополнува, крупна реформа за реорганизација и трансформација на А.Д Водостопанство и се трудевме во оваа година да ги санираме сите проблеми кои ги имаме на терен. Имавме блокади, опструкции, нефункционални системи токму во екот на земјоделското производство. Тоа доведе до намалување на производството и намален квалитет на производството, посочува министерот.

Како што појаснува, пред два дена е претставена аналзиата која на почетокот на мандатот ја побарале од Делегацијата на Европската унија за влијанието на субвенциите на целокупниот развој, која ги покажала слабостите.  

Анализата ќе биде предмет на опсежна работа во рамки на Министерството и институциите и покажува дека всушност нашиот систем не е компатибилен со политиките за земјоделство на ЕУ, потенцира министерот за земјоделство.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?