05 Декември, 2025
0.0508

Николовски обвинува за големи злоупотреби со парите од проектот „Јапонска помош“

Објавено во: Агробизнис 07 Мај, 2016 12:57

Добивај вести на Viber

За огромен скандал поврзан со проектот познат како „Јапонска помош“, ја обвини владеачката гарнитура доплнителниот заменик министер за МЗШВ во оставка, Љупчо Николовски.

Се работи за фонд во висина од 12 милиони долари помош од Владата на Јапонија.

„Наместо власта, преку МЗШВ, да ја користи оваа помош за бескаматни кредити за земјоделците, за набавка на трактори, документите коишто денеска ги објавувам покажуваат огромни злоупотреби со парите од овој Фонд, на штета на земјоделците.

Овој Извештај на Комисијата за управување на средствата од помошта од Јапонската влада покажува дека на фирмата ФАКТОР КОНСАЛТИНГ, од жиро сметката на компензацискиот фонд, извршена е наплата на 3 милиони денари (односно околу 50.000 евра) за месечен паушал и наплата на долг. Дополнително од оваа сметка повлечени се нови околу 9 милиони денари (околу 150.000 евра), пари за кои Комисијата на министерството констатира дека нема покритие како и зошто истите се повлечени од правниот субјект. И за тоа писмено го информира министерот Цветков на 30.09.2015 год.“, изјави Николовски.

Дополнителниот министер побара министерот Цветков да и  објасни на јавноста тоа што го констатирала токму комисија формирана од негова страна.

-Како тоа може без покритие од сметка на министерството што е наменета за прибирање на странска помош за развој на земјоделството некој да си повлече стотици илјади евра без покритие?

-Во која друга држава ова е можно да се направи и да се молчи за истото?

 -Врз која основа се повлечени овие средства?

-Во чии џебови се завршени овие стотици илјади евра?

„Сега е јасно зошто откако поранешниот и аболициран министер Љупчо Димовски застана да го води министерството, застана и имплементација на „Јапонската помош“. Објавувањето на огласи за механизација со безкаматни средства од 2009 година наваму НЕМА. Спротивно на Одлуката на Владата на РМ, аболицираниот Димовски не формирал комисија за прибирање и користење на средствата од Фондот во 2010 година.

Но, затоа склучил договор со приватна компанија за наплата на побарувањата од корисниците на Јапонската помош. Еве го договорот со ФАКТОР КОНСЛАТИНГ“, дополнува Николовски.

Тој побара одговорност, Владата веднаш да издвои средства за покривање на загубите во овој фонд а со тоа и овозможување на користење на овие неповратни средства.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?