18 Ноември, 2024
0.0265

Николовски од Будимпешта: Со силна поддршка од ЕУ, ја подобруваме поврзаноста со регионот и унијата

Објавено во: Економија 18 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Ја подобруваме поврзаноста со регионот и ЕУ преку инвестиции во унапредување на инфраструктурата на граничните премини и забрзување на постапките при истовремена ефективна контрола. Истовремено ја зајакнуваме и регионалната и меѓународната соработка која е клучна за размена и мечирање на податоци во синџирот на меѓународната трговија. На овој начин го трасираме патот напред, при што нашата интенција е забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ и подобрување на конкурентноста на македонската економија. 

Ова беше клучната порака на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на дводневниот состанок на високо ниво во Будимпешта „Зајакнување на регионалната царинска соработка“ на којашто присуствуваа директорите на царините од Западен Балкан и земјите-членки на ЕУ. Настанот е организиран под покровителство на Националната даночна и царинска агенција на Унгарија во рамки на Унгарското претседателство на Советот на ЕУ. 

Истиот беше отворен со видео порака од еврокомесарот за проширување на Оливер Вархеј кој потенцира дека интеграцијата е многу значајна во процесот на проширување и оти царинските управи имаат клучна улога во овој процес. На настанот од страна на учесниците беше потенцирано дека интеграцијата во единствениот пазар на ЕУ, соработката помеѓу царините во делот на воспоставување зелени коридори и размена на податоци и предвидливата бизнис клима обезбедува стабилност и раст на економиите. Директорот Николовски притоа потенцира дека голем дел од постигнувањата се овозможени благодарејќи на силната поддршка на Европската Унија. „Благодарение на силната поддршка од ЕУ, во моментов работиме на неколку проекти со ИПА грант и национално кофинансирање. Интензивно работиме на отпочнување на проект за автоматизација на терминалите и реконструкција на граничен премин Делчево. Воедно во моментов работиме на воспоставување на нови гранични премини со Бугарија – Клепало и со Грција- Маркова Нога. 

Паралелно работиме на имплементација системот за регистрација и идентификација на економските оператори ЕОРИ 2 чија цел е воспоставување единствен систем за регистрација и идентификација на економските оператори“, истакна Николовски. Во делот на соработката со Царините на другите земји Николовски истакна дека со Бугарија и Грција веќе се договорени билатерални средби на кои ќе се дискутира за прашања кои се од клучно значење за забрзување на трговијата. Воедно истакна дека денеска ќе биде потпишан и Протокол за елекронска размена на податоци преку SEED со Црна Гора. На настанот Николовски се осврна и на проектите што ги имплементира Царинската управа во рамки на проектот на Светска банка за олеснување на транспортот и трговијата во Западен Балкан. Директорот притоа истакна дека во моментов највисок приоритет е финализирање на имплементација на Новиот компјутеризиран систем – Фаза 5, а интензивно се работи и на новиот Царински закон со цел усогласување со царинскиот закон на ЕУ, се со цел подобрување на условите за водење бизнис и побрза интеграција во единствениот пазар на ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

ХРВАТСКА ИСПЛАТУВА СТРАНСКИ ПЕНЗИИ ВО ПОВЕЌЕ ОД 50 ДРЖАВИ: Најголем дел се слеваат во БиХ

ХРВАТСКА ИСПЛАТУВА СТРАНСКИ ПЕНЗИИ ВО ПОВЕЌЕ ОД 50 ДРЖАВИ: Најголем дел се слеваат во БиХ

Разочарување од денешното гласање за планот за реорганизација на ДГ БЕТОН АД Скопје

Разочарување од денешното гласање за планот за реорганизација на ДГ БЕТОН АД Скопје

Енергетско партнерство за сигурност и одржливост во регионот: Македонија и Косово потпишаа Меморандум за соработка

Енергетско партнерство за сигурност и одржливост во регионот: Македонија и Косово потпишаа Меморандум за соработка

ТЕМУ ПОВЛЕКУВА ДЕТСКИ ДУКСЕРИ: Дете заврши во болница поради тешки повреди, компанијата им враќа пари на сите што ги купиле

ТЕМУ ПОВЛЕКУВА ДЕТСКИ ДУКСЕРИ: Дете заврши во болница поради тешки повреди, компанијата им враќа пари на сите што ги купиле

ГЛОБАЛНА АКЦИЈА: Оданочување на 3.000 милијардери?

ГЛОБАЛНА АКЦИЈА: Оданочување на 3.000 милијардери?

ПОЧНУВА СРЕДБАТА НА НАЈБОГАТИТЕ: Зошто е важен самитот на Г20 и зошто има забележливи несогласувања уште на самиот почеток

ПОЧНУВА СРЕДБАТА НА НАЈБОГАТИТЕ: Зошто е важен самитот на Г20 и зошто има забележливи несогласувања уште на самиот почеток

АМАЗОН ЛАНСИРАШЕ КОНКУРЕНЦИЈА НА ТЕМУ - ќе ги ограничат цените на производите

АМАЗОН ЛАНСИРАШЕ КОНКУРЕНЦИЈА НА ТЕМУ - ќе ги ограничат цените на производите

ИЛЈАДА ЛУЃЕ ДОБИЈА НЕПРИЈАТНА ВЕСТ ПРЕКУ СМС: Им стигна порака од Џенерал Моторс

ИЛЈАДА ЛУЃЕ ДОБИЈА НЕПРИЈАТНА ВЕСТ ПРЕКУ СМС: Им стигна порака од Џенерал Моторс

ИЗВОЗОТ НА САД Е ВАЖЕН ЗА ЕВРОПА: Кои земји се најзависни?

ИЗВОЗОТ НА САД Е ВАЖЕН ЗА ЕВРОПА: Кои земји се најзависни?