18 Ноември, 2024
0.0339

Разочарување од денешното гласање за планот за реорганизација на ДГ БЕТОН АД Скопје

Објавено во: Економија 18 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

ФЕГО Инженеринг ја изразува својата длабока разочараност од односот и постапките на државните институции, особено Народната Банка на Република Македонија, во врска со денешното гласање за планот за реорганизација на ДГ БЕТОН АД Скопје.

„Народната Банка, која беше клучен фактор за иницирање на стечајната постапка на овој градежен гигант, денеска направи уште еден преседан. Наместо да даде шанса за продолжување на деловниот потфат на ДГ БЕТОН АД Скопје, истата со својот глас, базиран на оспорени побарувања, постапи спротивно на интересите на стопанството, државните интереси и основните принципи што една државна институција треба да ги застапува. Дополнително, Стопанска банка и Комерцијална банка, и покрај тоа што нивните побарувања се покриени со хипотеки кои ја надминуваат вредноста на долговите за два до три пати, исто така гласаа спротивно на принципите на добро деловно работење. Нивното однесување е директна опструкција за продолжување на деловниот ангажман на компанијата, која повеќе од 75 години е симбол на градежништвото во нашата држава. Ги потсетуваме институциите и деловните банки дека ваквите постапки не само што го загрозуваат опстанокот на еден национален градежен гигант, туку и оставаат простор за сомнеж дека нивните одлуки се мотивирани од лични интереси и влијанија на поранешни политички структури кои систематски работеле на уништување на ДГ БЕТОН АД Скопје. Сметаме дека ова што денеска се случи е срам за институциите на Република Македонија и за деловните субјекти кои требаше да бидат столб на економската стабилност“, се наведува во соопштението. 

ФЕГО Инженеринг упатува апел до актуелната политичка гарнитура да изнајде начин за поддршка на македонското стопанство и да овозможи продолжување на деловниот потфат на ДГ БЕТОН АД Скопје, компанија која е гордост на сите нас.

Се надеваат на одговорност, транспарентност и решителни чекори за зачувување на националните интереси.

Можеби ќе ве интересира

ХРВАТСКА ИСПЛАТУВА СТРАНСКИ ПЕНЗИИ ВО ПОВЕЌЕ ОД 50 ДРЖАВИ: Најголем дел се слеваат во БиХ

ХРВАТСКА ИСПЛАТУВА СТРАНСКИ ПЕНЗИИ ВО ПОВЕЌЕ ОД 50 ДРЖАВИ: Најголем дел се слеваат во БиХ

Николовски од Будимпешта: Со силна поддршка од ЕУ, ја подобруваме поврзаноста со регионот и унијата

Николовски од Будимпешта: Со силна поддршка од ЕУ, ја подобруваме поврзаноста со регионот и унијата

Енергетско партнерство за сигурност и одржливост во регионот: Македонија и Косово потпишаа Меморандум за соработка

Енергетско партнерство за сигурност и одржливост во регионот: Македонија и Косово потпишаа Меморандум за соработка

ТЕМУ ПОВЛЕКУВА ДЕТСКИ ДУКСЕРИ: Дете заврши во болница поради тешки повреди, компанијата им враќа пари на сите што ги купиле

ТЕМУ ПОВЛЕКУВА ДЕТСКИ ДУКСЕРИ: Дете заврши во болница поради тешки повреди, компанијата им враќа пари на сите што ги купиле

ГЛОБАЛНА АКЦИЈА: Оданочување на 3.000 милијардери?

ГЛОБАЛНА АКЦИЈА: Оданочување на 3.000 милијардери?

ПОЧНУВА СРЕДБАТА НА НАЈБОГАТИТЕ: Зошто е важен самитот на Г20 и зошто има забележливи несогласувања уште на самиот почеток

ПОЧНУВА СРЕДБАТА НА НАЈБОГАТИТЕ: Зошто е важен самитот на Г20 и зошто има забележливи несогласувања уште на самиот почеток

АМАЗОН ЛАНСИРАШЕ КОНКУРЕНЦИЈА НА ТЕМУ - ќе ги ограничат цените на производите

АМАЗОН ЛАНСИРАШЕ КОНКУРЕНЦИЈА НА ТЕМУ - ќе ги ограничат цените на производите

ИЛЈАДА ЛУЃЕ ДОБИЈА НЕПРИЈАТНА ВЕСТ ПРЕКУ СМС: Им стигна порака од Џенерал Моторс

ИЛЈАДА ЛУЃЕ ДОБИЈА НЕПРИЈАТНА ВЕСТ ПРЕКУ СМС: Им стигна порака од Џенерал Моторс

ИЗВОЗОТ НА САД Е ВАЖЕН ЗА ЕВРОПА: Кои земји се најзависни?

ИЗВОЗОТ НА САД Е ВАЖЕН ЗА ЕВРОПА: Кои земји се најзависни?