18 Ноември, 2024
0.0366

Сејдини поднесе оставка, Масар Омерагиќ, газдата на „Руле Турс“, го наследува на чело на Фудбалската федерација на Македонија

Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Муамед Сејдини преку соопштение во јавноста објави дека официјално се повлекува од функцијата претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

ФФМ потврди дека на 22 декември ќе биде одржано ново Собрание за избор на нов претседател, а како што стојат работите единствен сериозен кандидат е бизнисменот Масар Омерагиќ, познат како сопственик на транспортната компанија „Руле Турс“ и концесионер на меѓуградската автобуска станица во Скопје.

„По 7 извонредни години исполнети со историски достигнувања, решив да се повлечам од позицијата претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Оваа одлука е резултат на моето размислување дека дојде момент за промена, по период што ќе остане запаметен како најуспешен во историјата на нашиот фудбал.

Заедно со вас, напишавме златни страници за македонскиот фудбал: историското учество на Европското првенство ЕУРО 2020, второто место во квалификациската група за Светското првенство и незаборавната победа над Италија во Палермо, успесите во Лигата на нации со премин во Лига Б и реализацијата на бројни инфраструктурни проекти во соработка со УЕФА и ФИФА.

Ја напуштам оваа позиција со гордост и огромна благодарност до сите кои придонесоа за овие успеси: фудбалерите, селекторите, клубовите, инвеститорите, администрацијата, Управниот Одбор и секој љубител на фудбалот“, објави Сејдини.

УО на денешната седница донесе одлука федерацијата да закаже вонредно изборно собрание за избор на нов претседател на ФФМ на 22.12.2024 година. 

Можеби ќе ве интересира

Нападнат таксист од Косово пред скопскиот аеродром

Нападнат таксист од Косово пред скопскиот аеродром

Тепачка на свадба во Куманово

Тепачка на свадба во Куманово

Најчевска: Како може граѓаните да се задолжуваат, а бизнисмените и банкарите да ги добиваат парите?

Најчевска: Како може граѓаните да се задолжуваат, а бизнисмените и банкарите да ги добиваат парите?

Реакциите за новоизбраната функционерка во комисијата на АЕК не стивнуваат

Реакциите за новоизбраната функционерка во комисијата на АЕК не стивнуваат

Притворени потпалувачи на кафе-бар во Кисела Вода

Притворени потпалувачи на кафе-бар во Кисела Вода

МВР: Обид за убиство во Скопје, му пукал во стомак и сега е во притвор

МВР: Обид за убиство во Скопје, му пукал во стомак и сега е во притвор

Се шетал со нож во Карпош

Се шетал со нож во Карпош

ДУИ со писмо до меѓународната заедница, но и до Албанија и Косово пред одлуката на Уставен суд

ДУИ со писмо до меѓународната заедница, но и до Албанија и Косово пред одлуката на Уставен суд

Малолетници во Центар обиле багер и со машината оштетиле паркирано возило

Малолетници во Центар обиле багер и со машината оштетиле паркирано возило