НИКОЛОВСКИ: Огромни суми пари за субвенции одат кај луѓе блиски на власта
Објавено во: Агробизнис 13 Декември, 2015 20:54
Дополнителниот министер Николовски рече дека огромни суми пари за субвенции одат кај луѓе блиски на власта.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ - Крсто Муковски, членови на потесните семејства на Зоран Шалев и Кирил Шошев кои се блиски на партијата на власт, се само дел од имињата што добиле државно земјоделско земјиште, обвини дополнителниот заменик- министер за земјоделство.
Николовски ја спомена и ЗК Пелагонија за која тврди дека добила три милиони евра субвенции од државата за само неколку години.
„Дали верувате преку ова министерство огромни суми пари засубвенции одат кај луѓе блиски на власта. 2011 одина, ЗК Пелагонија, фирмата во која е Орце Камчев, има добиено на 1 милион и 386 илјади субвенции. Истата фирма на Орце Камчев, близок на власта во 2012 година има добиено 1 милиони 158 илјади евра, а во 2013 година има добиено приближно 1 милион евра“
На ова реагираше министерот Цветков и го демантира Николовски, убедувајќи дека договорите се потпишуваат законски, а не по партиски клуч.
„Мислам дека ВМРО згрешиле кога дополнителниот заменик министер го нарекле Колумбо, јас би го нарекол Шерлок Холмс, подобро ќе му стои, изјави Михаил Цветков, министер за земјоделство
Оваа дебата меѓу министрите за земјоделство е прв телевизиски дуел помеѓу власта и опозицијата по долги години.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?






