03 Декември, 2024
0.0247

Николовски: Оваа година Македонија за прв пат ќе биде земја партнер на саемот „АГРА“

Објавено во: Агробизнис 10 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Република Македонија ќе учестува како земја партнер на 56-то издание на Меѓународниот саем за земјоделство и храна АГРА 2018, што ќе се одржи од 25 до 30 ти август, во Горна Радгона, Република Словенија. Оваа година фокусот на саемот ќе бидат  младите земјоделци и нивното вклучување во агро бизнисот.

„Добивањето покана за партнерство на овој меѓународен саем, кој се смета за еден од најважните саеми за земјоделство и храна во Централна Европа, е доказ за негувањето пријателски односи и доверба со Република Словенија и претставува силна поддршка на нашата земја во евроинтегративниот процес, и во нашите заложби за европско, модерно, ефикасно и конкурентно земјоделско производство кое со својот квалитет ќе биде препознатливо на надворешните пазари“. – изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Усогласувањето на македонското земјоделство со европското земјоделство преставува приоритет во евроинтегративниот процес на Република Македонија.

„Не постои подобрa можност од овој настан на кој Република Македонија може да го претстави својот потенцијал пред меѓународната заедница,во време кога Македонија со големи чекори оди по патот на ЕУ и НАТО, пренесувањето и размена искуства е тоа што всушност го нуди ЕУ во рамките на своите членки,тоа добар начин за припрема на македонското земјоделство и другите институции пред преговорите за членство со ЕУ“. – изјави Милан Јазбец , Амбасадор на Р. Словенија во Р. Македонија

Република Македонија  како земја партнер  ќе ја искористи оваа прилика да се претстави од повеќе аспекти, пренесувајќи ги своите традиционални вредности при производството на храна и вино, на културно богатство, туризам, а ќе ги претстави и можностите за инвестиции.

Презентацијата на земјата ќе ги содржи следните компоненти:

-Вкусот на Македонија – со акцент на промоција на македонската конзервна индустрија односно преработките од овошје и зеленчук како познатиот македонски ајвар, лутеница и други традиционални производи чиј извоз е со постојан раст, понатаму македoнското традиционално овчо сирење и македонското јагне.

-Органска Македонија – односно Македонија како земја богата со еколошки региони погодни за производство на здрава органска храна чија потрошувачка во е со постојан тренд на раст, особено на европскиот пазар,

-Вина на Македонија – промоција на квалитетното флаширано вино, како производ со додадена вредност и голем потенцијал за извоз, како и градење на препознатливост на Македонија како винска земја,

-Македонија како турстичка дестинација  и земја со можности за инвестирање

Од буџетот на Министерството во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година, се обезбедени средства за изнајмување на штандот и за негово дизајнирање со национални обележја. Учество на саемот можат да земат фирмите во областа на земјоделството и преработувачката индустрија, кои можат да ја искористат оваа одлична можност за промоција на своите производи и поврзување со деловните партнери надвор од Македонија.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.