Николовски песимист дека Македонија никогаш нема да влезе во Европската унија
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2018 09:23
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, во своето синоќешно гостување во телевијзта Клан изјави дека е песимист дека Македонија некогаш ќе влезе во Европската унија. Напредокот на Македонија во евроинтеграциите тој го спореди како оној на Турција.
- Со овој договор Македонија никогаш нема да стане членка на ЕУ, затоа што Грција тоа никогаш нема да го дозволи. Ние ќе станеме втора Турција, ќе бидеме секогаш во процес на преговори, но никогаш нема да станеме членка – рече партискиот функционер кој важи за еден од најголемите „виновници“ за последната низа од исклучувања и разрешувања на истакнати членови од партијата.
Николовски не верува во пријателството со Грција и верува дека, согласно Спогодбата од Преспа, јужниот сосед има право да стави вето на отворање на секое следно поглавје во процесот на преговори на Македонија со Европската Унија, доколку е незадоволна од извештаите кои ќе се поднесуваат во јуни и декември секоја година. Претпоставува дека секоја идна грчка популистичка влада може да си го крене рејтингот со оваа спогодба.
– Теоретски, Македонија треба да прифати се што Грците ќе побараат и дополнително национално да се понижи. Секогаш кога на грчки премиер ќе му е потребно да си го крене рејтингот дома, ќе стави блокада на следното поглавје во процесот на преговори со ЕУ што во превод ќе значи дека ние никогаш нема да ги завршиме преговорите за членство во ЕУ – рече Николоски.
Можеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




