02 Декември, 2024
0.0256

Официјално отворање на 56-тото издание на саемот АГРА2018, Горња Радгона, Република Словенија

Николовски: Подготвуваме силна кампања за промоција на македонските земјоделски производи на меѓународните саеми

Објавено во: Агробизнис 25 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Со словенечки и македонски традиционални песни и ора, денеска и официјално се отвори еден од најголемите саеми за земјоделство и храна во Централна и Источна Европа,  АГРА 2018, што се одржува во Горња Радгона, Република  Словенија. Годинава Македонија, ја има привилегијата да биде земја-партнер на Словенија, на еден ваков престижен саем. Со поздравни говори , официјалното отворање го означија министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со претседателот на Собранието на Република Словенија и поранешен министер за земјоделство,шумарство и храна, Дејан Жидан.

Министерот Николовски, во официјалното отворање изрази  благодарност до Владата на Словенија и до Управата на Помурскиот саем, за поканата за земја-партнер, напоменувајќи дека саемот е одлична можност каде што земјите можат да го претстават автентичниот начин на производството на храна и вино како и да ги престават последните технолошки достигнувања во производствениот процес. Добивањето покана за партнерство на овој меѓународен саем, рече Николовски е доказ за одличните пријателски односи со Република Словенија и претставува силна поддршка на нашата земја во евроинтеграцискиот процес.


„Владата на Република Македонија е силно фокусирана на забрзување на евроинтеграцискиот процес, кој за нас како држава веќе станува реалност и неминовност за приклучување кон европското семејство. Од ден во ден сме поблиску до Европската Унија, и до прилагодување кон заедничката европска политика во однос на законската легислатива и мерките кои што ќе значат поддршка на руралниот развој, а особено на младите фармери. Членството на Македонија во ЕУ ќе значи, отворање на пазар од 500 милиони жители, силна финансиска поддршка за македонските земјоделци и  големи капитални инвестиции во македонскиот аграр“.

Николовски посочи дека МЗШВ, во периодот што следува подготвува  силна кампања за промоција на македонските земјоделски производи на меѓународните саеми.

„МЗШВ со промена на политиките стави акцент токму на финансиската поддршка за националното претставување на македонските земјоделски производи како што е тука на АГРА2018, а во следниот период Македонија ќе биде присутна на сите меѓународни саеми. Подготвуваме силна кампања за промоција на македонските земјоделски производи на меѓународните саеми“,изјави Николовски.

Оваа година фокусот на саемот се младите земјоделци и нивната вклученост во агробизнисот и креирањето на политиките. Николовски, изјави дека вклучувањето на младите земјоделци во агробизнисот е од исклучителна важност, поради што земјава е силно фокусирана на приближување на земјоделството до европскиот стандард.

Република Македонија на саемот се претставува со нашите препознатливи земјоделски производи, нашата традиција, познатиот македонски вкус, како и можностите за инвестирање во македонскиот агрокомплекс.  Како земја-партнер Македонија, има свој штанд на кој што вкупно 27 македонски компании ги промовираат своите производи, меѓу кои има производители на органски производи, преработувачи на овошје и зеленчук, винарии, преставници од туристички агенции за промоција на туризмот во Република Македонија. Претставувањето на нашите производи на македонскиот штанд е помогнато и од Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка. Воедно, со цел подобро да се промовираат традиционалните производи,  МЗШВ во „Винскиот подрум“ на саемот организираше ручек за сите министерски делегации и поканети гости, каде што присутните имаат можност да ги вкусат македонските традиционални јадења и да наздрават со најквалитетните македонски вина. За доброто партнерство и организација, министерот Николовски доби благодарница од претседателот на Управата на Помурскиот саем, Јанез Ерјавец.

Во рамки на саемот се одржа и бизнис форум на кој што присустваа македонски и словенечки компании, како и министерот Николовски и претседателот на словенечкото Собрание Жидан. На форумот беше истакната важноста од воспоставување на добри деловни односи помеѓу компаниите од двете земји, што е важно долготрајна успешна соработка  во интерес на двете земји. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.