02 Декември, 2024
0.0261

Николовски: Преку новиот повик од ИПАРД 2 го развиваме најмоќниот дел на економијата, малите и средни претпријатија

Објавено во: Агробизнис 03 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја објави најавата за јавниот повик за Мерката 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ од ИПАРД 2 Програмата. Согласно процедурите од Европската унија,  во овој триесет дневен подготвителен период на сите оние земјоделци и агробизнисмени што сакаат да конкурираат, а ги исполнуваат условите, им се дава можност да ја  подготват потребната документација за аплицирање на новиот повик.

„ Заинтересираните ќе можат да аплицираат за модернизација на постоечките или отворање на нови погони за производство на тестенини, колачи, фарми за одгледување на зајаци, дивеч, насади за дрва и дрвена маса, аквакултурни фарми за слатководна риба, отворање на кино, радиодифузно претпријатие во рурални средини, како што се радио или локална телевизија, сместувачки капацитети како и отворање на ресторани кои нудат угостителски услуги. Согласно програмата 65% од прифатливите трошоци за реализираната инвестиција  ќе им бидат вратени на апликантите преку  средствата од ИПАРД 2 Програмата.Расположливите средства за овој повик се очекува да бидат помеѓу 8 и 10 милиони евра“, изјави министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Мерката 7  овозможува кофинансирање на инвестиции за: Алтернативно земјоделско производство, Производство на прехранбени производи и пијалоци и тоа за следните типови на инвестиции: Производство на не-прехранбени производи, Занаетчиски дејности, Обезбедување на услуги во земјоделството, Развој на услуги за руралното население и Промоција на руралниот туризам.

„Откако ќе заврши овој рок за подготовка нa документација и апликациите, ќе го објавиме и Повикот за Мерка 7, „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси.Сакам да потенцирам, сите заинтересирани при аплицирање да водат сметка сите потребни документи кои се наведени во Упатствата за корисници да ги обезбедат уште при поднесувањето на барањата. На последниот повик за оваа Мерка 7 склучивме 23 договори со вкупна вредност од 4,3 милиони евра“, изјави директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николоче Бабовски.

Николовски и Бабовски посочија дека токму преку оваа Мерка „Диверзификација на фармите и развој на мали бизниси“ се создаваат услови за развој на најмоќниот дел на економијата, а тоа се малите и средни претпријатија кои се моторот на домашната економија. МЗШВ во наредниот период преку сите мерки и политики ќе создава поволна бизнис клима за раст и развој на домашната економија, а еден од начините е токму ефикасната искористеност на мерките од ИПАРД програмата.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.