Николовски: Работиме на континуирано и навремено чистење на одводните канали и речни корита во секоја општина
Објавено во: Агробизнис 16 Август, 2018
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска присуствуваше на чистењето на одводниот канал во селото Романовце, кумановско. Се работи за одводен канал во должина од 1 километар. Чистењето на овој канал е од исклучително значење за Романовце, со цел да се спречи појава на поплави кои се случуваа изминативе години, но и од здравствен безбедносен аапект, затоа што има фекалии, а токму покрај него поминуваат децата од ова село кога одат во училиште. Ова акција ја спроведува подржуницата на АД Водостопанство, односно подружницата Кумановско-Липковско поле, во соработка со МЗШВ. Нафтата за машините е обезбедена од Владата на Република Македонија, а машините се купени од инвестиционата Програма на МЗШВ.
Министерот Николовски посочи дека МЗШВ преку Програмата за рурален развој постојано дава поддршка на АД Водостопанство и нејзините подружници, и освен со финансиска помош на претпријатието му се помага и со механизација.
„Со околу 1 милион евра издвоени средства издвоени од Програмата за рурален равој во делот на инвестициите во водостопанството беше платена целокупно набавената механизација, која што се користи од страна на подружниците. Состојбата на АД Водостопанство не е одржлива . Ние тоа постојано го дискутираме во Владата и со делегацијата на ЕУ во следниот период ќе се наоѓаат долгорочни решенија во делот на трансформацијата и на подобрување на состојбата однсно ќе се наоѓа вистински модел кој ќе биде во служба на граѓаните и земјоделците“,изјави министерот Николовски.
Досега во куманосвкиот регион се исчестени над 4 километри речни корита односно реката Липковска од село Липково до село Опае. Овие речни корита е важно да бидат исчитени, бидејќи оваа зима имаше излевање на реките кои што предизвикаа штета врз земјоделските посеви. Исто така во кумановскиот регион се исчистени околу 6 километри одводни канали, кои треба да бидат постојано чисти поради заштита од поплави.
Министерот Николовски истакна дека минатиот период фокусот бил во Кочанско и Струмичко.При тоа додаде дека оваа година МЗШВ започна и со реализација на поголемите капитални проекти во водостопанската инфраструктура, кои во минатото беа закочени.
„Средствата кои со години биле предвидувани за капитални инвестиции на крајот на годината биле трансферирани во други проекти. Минатата година мораше да се платат заостанати долгови од проектот Скопје 2014 конкретно со 5 милиони евра само од ова министерство поради што сите постапки кои ги затековме не можеа да започна со реализација“, изјави министерот рече Николовски.
Николовски потенцираше дека МЗШВ инвестира 40 милиони евра за изградба на браната Коњско во Гевгелија, а обезбедени се 16-17 милиони евра за систем за наводнување односно за постапката од втората фаза од јужно-вардарска долина, за што градежните работи ќе започнат во септември.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.