20 Декември, 2025
0.0477

Николовски: СДСМ ќе стори се за да ги задржи младите во Македонија

Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2016 21:35

Добивај вести на Viber

„Криминалните политики на Никола Груевски изнесоа милијарди евра наши пари, на првиатни сметки надвор  од Македонија. Криминалните и злосторнички политики на оваа гарнитура придонесоа 626 илјади млади луѓе ја напуштат Македонија. Затоа го испишавме планот за живот во Македонија, со кој се предвидува младите луѓе да останат во Македонија.

Планот за живот предвидува дека најмногу ќе се грижиме младите луѓе да останат во Македонија. Затоа ја воведуваме младинската гаранција која значи во рок од 4 месеци по завршување на школувањето секоја млад човек ќе добие понуда за вработување, понуда за тренинг, понуда да го продолжи своето школување“, вели Љупчо Николовски носител на кандидатска листа во ИЕ3.

Тој го презентираше планот за живот на младите со кој како што вели предвидуваат за 4 пати зголемување на износост на средства преку кои ќе се креираат работни места преку активни мерки за вработување. Само по овој основ илјадници нови работни места за младите луѓе.

„За секој млад човек што ќе има добра бизнис идеја ќе определиме по 10.000 евра неповратни средства за ја реализира својата идеја и да остане овде во Македонија.

Секој млад човек ќе може да основа компанија со само 1 евро основачки влог и ќе овозможиме 15 000 евра кредити со само еден процент камата. За домашните фирми, за домашните средни и мали претпријатија испланиравме 140 милиони евра како директна финасиска поддршка за креирање на добро платени работни места од страна на домашните компании.

Планот за живот во Македонија предвидува многу мерки преку кои што ќе ги задржиме младите тука во Македонија и ќе ги поддржиме домашните претпријатија кои ќе креираат работни места и ќе даваат просечна плата во државата. Планот за живот во Македонија ги испишавме со сите граѓани, токму за да го спречиме иселувањето од источна Македонија и од цела Македонија“, посочи Николовски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки