Николовски: Со новиот Правилник што го донесе Хрватска значајно се зголемуваат трошоците за извоз на овошје и зеленчук
Објавено во: Агробизнис 03 Август, 2017 16:05
Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вели дека со новиот Правилник што го донесе Хрватска за увоз на овошје и зеленчук, значајно се зголемуваат трошоците при извоз на македонското свежо овошје и зеленчук, што ќе влијае врз зголемување на крајната цена на чинење на производот.
Со такви зголемени цени, македонското овошје и зеленчук ќе бидат неконкурентни на пазарот.
Република Хрватска, го донесе новиот Правилник за инспекциски надзор и контрола за усогласеност на овошјето и зеленчукот со пазарните стандарди на 15.07.2017 година. Со овој Правилник трошоците за контрола на квалитет на овошјето и зеленчукот се зголемуваат од досегашните 90 куни (12 €) по производ, на 2.000 куни (274 €) по производ.
„Сметаме дека со носењето на овој Правилник се воведува нетарифна бариера од страна на Република Хрватска за заштита на хрватскиот пазар од увоз на свежо овошје и зеленчук. Имајќи ги во предвид штетите кои може да настанат при извозот на македонското овошје и зеленчук на хрватскиот пазар, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе достави нота до Хрватското Министерство за земјоделство, во насока, примената на овој Правилник да биде стопирана и трошоците за инспекцискиот надзор да се сведат на реална нивна висина. Истовремено, ваква нота ќе биде доставена и до надлежните институции на Европската комисија. Во насока на решавање на овој проблем, во понеделник надлежните Министри на Република Македонија, Република Србија и Босна и Херцеговина ќе се сретнат во Сараево за да изградат заеднички став и за заедничка реакција до Хрватската страна. Република Хрватска е значаен трговски партнер на Република Македонија во трговијата со земјоделско-прехранбени производи, односно втора од земјите членки на Европската унија (со вредност на извозот на земјоделско-прехранбени производи од околу 36 милиони евра годишно) и трета од земјите членки на Европската унија (со вредност на увозот на земјоделско-прехранбени производи од околу 37 милиони евра годишно). Вредноста на извозот на овошје и зеленчук од Република Мкаедонија во Република Хрватска е околу 5 милиони евра годишно. Најмногу се извезуваат свежи пиперки, зелка, домати, краставици, трпезно грозје и лубеници“ - вели Николовски.
Од Република Хрватска најмногу се увезуваат: месо од живина, шеќер, чоколади, цигари, сирење, конзервирана риба и други производи.
„Република Хрватска како земја членка на Европската унија треба да ја почитува Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) која Република Македонија ја има склучено со Европската унија. Односно, согласно ССА, член 27, точка 1, „Од денот на стапување на оваа Спогодба, Заедницата ќе ги укине царинските давачки и другите давачки кои имаат ист ефект за увозот на земјоделските производи со потекло од Република Македонија“- вели Николовски.
Исто така со носењето на овој Правилник се врши дискриминација наспрема земјите членки на Европската унија, за кои трошоците за инспекцискиот надзор остануваат да бидат 90 куни, додека за трети земји (земји кои не се членки на Европската унија), трошоците ќе бидат 2.000 куни. Висината на овие трошоци е нереална, имајќи во предвид дека контролите се однесуваат на физичка проверка на производите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





