02 Декември, 2024
0.0250

Меѓународна министерска конференција “ Руралните подрачја и земјоделството како можност за млади луѓе”, во рамки на саемот АГРА2018, Р. Словенија

Николовски: Создаваме поволни услови за работа на младите земјоделци, затоа што тие се нашето национално богатство

Објавено во: Агробизнис 24 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во следните два дена е во посета на Република  Словенија, каде што ја претставува Македонија како земја-партнер на еден од најголемите саеми за земјоделство и храна, АГРА 2018.

Оваа година фокусот на саемот се младите земјоделци и нивното вклучување во агро- бизнисот. Во рамки на саемот, денеска се одржа  Меѓународната министерска конференција на тема  “ Руралните подрачја и земјоделството како можност за млади луѓе”. На конференцијата во своето обраќање, министерот Николовски ја потенцираше важноста од вклучувањето на младите фармери во агробизнисот како идна сила во земјоделството.

Земјоделството бара сериозен труд и работа и затоа има негативна репутација особено кај младите луѓе. Токму затоа, Владата на Република Македонија сериозно презема мерки во областа на земјоделството за да создаде можности за нови земјоделски бизниси и задржување на младите луѓе во руралните средини.

„На Република Македонија и претстои сериозен период на развој, период во кој што нашите политики се насочени кон забрзување на евроинтеграцискиот процес. За да можат младите да просперираат покрај поддршката која им ја доделуваме, на патот кон интеграција во Европската Унија постојат вистински предизвици кои сме цврсто детерминирани да ги совладаме. Почнувајќи од минатата година, ние ја зголемивме финансиската поддршка за 4 пати во споредба со претходниот износ и моментално имаме 4 милиони евра годишно, со што неодамна поддржавме 424 млади фармери за да го иницираме нивниот бизнис. Младите луѓе се нашето национално богатство со непроценлива вредност, особено кога станува збор за одржлив развој на руралните средини, а ако ги изгубиме, невозможно е да се очекува нивно враќање. Оваа конференција е од голема важност за размена на искуства и дискусија за предизвиците и новите можности за младите фармери, истакна министерот Николовски.

При тоа, Николовски ги презентираше дел од мерките кои што ги презема Министерството з земјоделство,шумарство и водостопанство за создавање на услови за работа на младите земјоделци и нивно поттикнување за отворање на сопствен агро-бизнис.

„Македонија ги поддржува младите фармери со дополнителни 10% од основната директна исплата во периодот од првите пет години на производство. Обезбедуваме поддршка за започнување на нови земјоделски бизниси на млади земјоделци со 100% финансирање на трошоците, како и нов инструмент на поддршка на интегрален инвестициски проект кој ги вклучува сите неопходни инвестициони мерки за преминување на земјоделските стопанства во повисока развојна категорија со поголеми производни капацитети. Висината на поддршката е 90% за преминување од мали стопанства во втора целна категорија и 70% за преминување од втора во прва целна категорија“, изјави министерот Николовски.

На Меѓународната конференција учество земаа и млади земјоделци од различни земји, кои презентираа свои успешни бизнис и своите искуства во земјоделството. Македонија имаше свој претставник, младиот земјоделец кој што има успешен бизнис со пчели односно производство на различни видови н мед.

Во рамки на министерската конференција ќе се одржи и дискусија помеѓу министрите и младите земјоделци, на две теми, какви мерки се потребни да се преземат за создавање поволни услови за работа на младите фармери и какви се искуствата околу дигитализација на земјоделството.

Воедно на министерската конференција министрите ќе биде усвојат заедничка декларација во која што дел од политиките се дигитализација на земјоделството, мерки кои ќе го направат земјоделството поатрактивно , создавање на услови за работа на младите земјоделци, спречување на миграцијата на младите земјоделци и друго.

Во текот на утрешниот ден, ќе биде официјалното отворање на 56-тото издание на Меѓународниот саем за храна и земјоделство АГРА 2018, на кој што за прв пат земја-партнер е Република Македонија, на кои што на посебен штанд ќе бидат претставени традиционалните македонски вредности при производството на храна и вино, вредностите на културното богатство, но и можностите за инвестиции.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.