Николовски: Вакцини за болеста „јазлеста кожа“ се уште нема
Објавено во: Агробизнис 14 Мај, 2016 12:25
„Болеста „Јазлеста кожа“ се шири, сточарите се оставени без потребаната заштита и помош од државните институции, што е недозволиво. Одговорните во Агенцијата за храна и ветеринарство упорно, преку провладините медиуми, ја манипулираат јавноста наместо да се зафатат со активности за сузбивање на болеста“, обвини денеска дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Тој ги демантира тврдењата на АХВ дека вакцини се набавени, но вели вистината е сосема спротивна а вакцини сеуште нема.
АХВ дури вчера соопшти дека започнала едукација на сточарите и засегнатите лица во гевгелискиот регион за начинот на заштита и справување со болеста.
„Финансиски средства за набавка на вакцината и спроведувањето на активностите поврзани со сузбивањето на болеста се обезбедени дури на 12.05.2016 година. Оваа може да се види во Сл. Весник на РМ кој е објавен на 12.05.2016 г., каде се објавени измените во Програмата за финансиска поддршка во земјоделието за 2016 година.
Договорот за набавка на вакцините е потпишан дури вчера на 13.05.2016 година. Сеуште не се знае кога ќе биде извршена уплатата и кога ќе пристигне вакцината во Македонија“, вели Николовски.
Целосен заштитен имунитет животните стекнуваат после третата недела од вакцинирањето. Што да прават сточарите за ова време? задоцнетата реакција и штетите нанесени кон сточарите мора да има!
Тој заклучи дека одговорност за задоцнетата реакција и штетите нанесени кон сточарите мора да има!
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





