Николовски во Јахорина ќе учествува на 11-от годишен состанок на министрите за земјоделство од ЈИЕ
Објавено во: Агробизнис 15 Ноември, 2017 20:00
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, од утре во следните два дена во Јахорина, Босна и Херцеговина, ќе учествува на Единаесеттиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа. Годинава состанокот е во oрганизација на Владата на Босна и Херцеговина, како земја претседавач со Постојаната работна група за регионален рурален развој во земјите од Југоисточна Европа –SWG.
Министрите за земјоделство од ЈИЕ и шефовите на делегациите ќе се соберат во Јахорина за да разговараат за иднината во секторите за земјоделство и рурален развој во регионот на ЈИЕ и да го елаборираат процесот на регионална соработка во тие области.
Во рамки на министерскиот состанок во Јахорина, ќе се разговара и за значењето на процесот на интеграција во Европската унија на земјите од Западен Балкан, како фактор на напредокот во земјоделството и руралниот развој.
Министерот Николовски на состанокот ќе ги презентира стратешките цели на Владата во областа на земјоделството и руралниот развој, како и состојбата со искористувањето на финансиските средства од ИПАРД Програмата.
Следната година претседавач со Постојаната работна група за регионален рурален развој во земјите од Југоисточна Европа ќе биде Македонија, и по тој повод, како земја домаќин, овој министерски состанок ќе се одржи во Македонија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





