26 Април, 2024
0.0268

Николовски: За развојот на земјоделството, клучна е улогата на владините политики за забрзување на евроинтеграцискиот процес

Објавено во: Агробизнис 17 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во рамки на Единаесеттиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа (ЈИЕ), што се одржува во Јахорина, Босна и Херцеговина, имаше свое обраќање пред министерите за земјоделство од ЈИЕ.

Министерскиот состанок е во организација на Владата на Босна и Херцеговина како земја претседавач со Постојаната работна група за регионален рурален развој во земјите од Југоисточна Европа –SWG.

Министерот Николовски истакна дека овој состанок е добра можност да се презентираат идните политики за унапредување на регионалната соработката во областа на земјоделскиот сектор помеѓу земјите од Западен Балкан, како и политиките за забрзување на процесот на приближување на земјите кандидати и потенцијални кандидати од Југоисточна Европа кон Европската унија.

„Во создавањето на едно развиено и конкурентно земјоделство, клучна е улогата на владините политики за забрзување на евроинтеграцискиот процес. Стратешките цели на Владата на РМ, се токму членството во Европската унија и НАТО, за што работиме на интензивна реформска агенда.Врз основа на усвоените закони од областа на земјоделството и руралниот развој, Република Македонија, преку МЗШВ континуирано работи на приближување на земјоделскиот сектор кон европските регулативи.Во процесот на унапредување на земјоделството важна е размената на искуства меѓу земјите од ЈИЕ, а тоа е овозможено преку Постојаната работна група за регионален рурален развој на земјите од ЈИЕ- SWG. Република Македонија како и досега ќе биде конструктувен партнер во сите заеднички идни проекти, како дел од платформата за соработка со земјите од ЈИЕ,  насочени кон олеснување на трговијата со земјоделски и прехрамбени производи, истражување и развој, размена на добри практики за одржливо земјоделско производство и примена на нови технологии“, изјави министерот Николовски во своето обраќање.

На денешниот состанок, свои обраќања имаа и министрите од другите земји од ЈИЕ, како и претставниците на меѓународните организации.

Претставниците од меѓународните организации  потенцираа дека Западен Балкан ќе биде приоритет во пресрет на програмските планирања на Европската комисија и Обединетите нации, во поглед на развој на земјоделството, борба против климатските промени и спречувањето на миграциите.

Годинава земја претседавач со SWG е Босна и Херцеговина, а следната година претседавач ќе биде Македонија, и овој министерски останок ќе се одржи во Македонија.

Во рамки на Единаесеттиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство од ЈИЕ, се планирани и билатерални средби помеѓу министрите, но и средби со претставниците на меѓународните организации,  на кои е планирано да се разговара за идните чекори во делот на унапредување на трговската соработка,размената на искуства, реализацијата на проекти од областа на земјоделството.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади