Никушевски: Постојат мерачи кои откриваат состав и извор на загадување
Објавено во: Македонија 03 Декември, 2018 08:43
Бизнисменот Тони Никушевски во разговор за „Мета“ вели дека постојат мерни станици кои може добро да ја скенираат локалната ситуација и да го детектираат изворот на загадување на воздухот, но дека истите треба да се купат.
– На пазарот се достапни мерачи кои работат на принципот на спектрометрија, кои и на 5-10 километри раздалеченост мерат прецизно: од каде доаѓа било каква емисија на дури и до 100 илјади различни штетни супстанци, кој е хемискиот состав на таа емисија на гас, кои точно кажуваат која е концентрацијата на тој отров во воздухот и како се движи облакот опасен гас, па дури на својот екран преку анимација покажува како тој облак изгледа, иако вие не го гледате во живо. Знаете, има отровни гасови кои се невидливи за човечко око. Лесно е да видиш дека нешто чади и да го најдеш изворот, иако и тогаш не знаеме што се има во чадот. Се случува да има емисија на штетен гас од некој извор, фабрика, складиште, депонија, кој е невидлив, а е ужасно отровен. Сега, и да има такви инциденти, не ги детектираме и не ги мериме. Ќе се регистрира пораст во вредноста на ПМ честичките и толку. Дронот што е купен, не е прифатена технологија за детекција на отровни гасови, тој може да слика каде нешто чади и толку.
Според Никушевски, еден примерок би чинел 250.000 евра, но може прецизно да го детектира составот и изворот на загадување. За тоа веќе зборувал со Јани Макрадули, заменик-министерот за животна средина и Петре Шилегов, скопскиот градоналник.
– Секако дека постојат и чинат 250 до 300 илјади евра, сосе софтверот за нив. Ова е позната и широко применета технологија, а информациите постојат на интернет. Јас лично зборував и со Макрадули и со советниците на Шилегов, со портпаролот на Владата, го тагирав премиерот на мои постови на Фејсбук за да допрам до нив. Попусто. За Скопје два или три вакви мерачи би биле сосема доволни за целосна покриеност на котлината, посебно ако некои од нив се монтирани на возило и мобилни. Овие апарати можат на општините да им заштедат ресурси, бидејќи нема како сега да се бара ангажман на големи ресурси, нема да треба апелот „Пријави загадувач“ и нема непотребно да се креваат екипи за запалени лисја ако некаде истовремено има истекување на отровен гас.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




