20 Декември, 2025
0.0404

Нимиц чека политичка стабилизација на Македонија и Грција да продолжи со преговорите

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2016 17:12

Добивај вести на Viber

Метју Нимиц, назначениот олеснувач во преговорите за името од Обединетите нации, чека да се подобри политичката клима во Македонија и Грција за да продолжи со неговата медијација. Ова особено важи за Република Македонија која има неизвесна политичка состојба каде е прашање кој и дали воопшто ќе се формира нова влада. 

„Нимиц сака да што побрзо одново да ја реактивира медијацијата за преговорите. Изгледа подготвен да ги посети двата главни града на почетокот на годината, откако во Скопје ќе се формира влада, со цел да ги испита намерите на новата влада, но и на Атина и откако ќе добие целосна слика да се врати малку подоцна со конкретни идеи и предлози“ пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Иако преговарачкиот процес е на стенд бај веќе две години поради македонската политичка криза и политичките проблеми во Грција, „Катимерини“ коментира дека странските дипломати оценуваат дека е создаден позитивен моментум преку зачестените средби меѓу двете страни и иницијативите за мерките за градење доверба, за кои се смета дека долгорочно може да се покажат конструктивни и корисни за двете страни. 

Оценките генерално се позитивни за односот на министерот за надворешни работи Никос Коѕиас кон македонската страна, додека пак странските дипломати се критични и незадоволни од односот на претседателот Прокопис Павлопулос поради неговите чести радикални изјави за Македонија. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки