НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина
Објавено во: Економија 28 Март, 2024
Импресивна глетка,
контејнери полни со разна стока на огромна површина, a секое едно нешто има
своја одредница, има своја дестинација илјадници километри подалеку. Но,
почетната точка е тука, на пристаништето Нингбо Жошуан, кое за
Кина значи нераскинлива и силна врска со остатокот од светот.
До крајот на 2019 година Нингбо Жошуан Порт се поврза со повеќе од 600 пристаништа во 190 земји и региони. Има близу 250 трговски рути, од кои 120 се прекуокеански линии.
Не е лесно да се овековечи секој момент со мобилниот телефон, без разлика дали станува збор за видео или фотографија. Глетката со сопствените очи на шарените контејнери, наредени еден врз друг како лего коцки е повеќе од импресивна и предизвикува посебно чувство.
-Мојата нарачка е во некој од овие контејнери, можеби ќе ми стигне за месец дена, се шегуваа новинарите кои вчера го посетија најголемото карго пристаниште во светот,
Според статистичките податоци од Центарот за менаџмет, ова пристаниште забележа повеќе од 1,3 милијарди тони товар во 2023 година, што е за 4,94 отсто повеќе на годишно ниво.
Во текот на периодот, товарниот проток на контејнерите на пристаништето изнесуваше повеќе од 35,3 милиони еквивалентни единици од 20 стапки, што е годишно зголемување од 5,85 проценти, заради што Нингбо е рангиран на првото место во светот, на секаков вид на добра, а обемот на контејнери е рангиран во првите три.
Ова е слика на економска сила, неверојатно брз раст и оптимизам.
Според официјалните податоци од првата недела во март годинава, зголемувањето на извозот на Кина е 7,1 отсто и тоа во првите два месеци, Нингбо Порт всушност ја има клучната улога во подемот на кинеската економија од аспект на извозот.
За новинарите кои беа сведоци на местото од кое тргнуваат милиони нарачки, Нингбо Порт беше опишано како слика на економска сила и досега невиден брз развој.
-Во мојот роден град, Бејрут, насекаде можете да видите стоки од кинеско производство, што покажува дека Кина станува се поотворена и дека соработката со земјите ширум светот е ефикасна. Ова е одлично и не само што е корисно за Кина, туку и корисно за светот“, изјави Реем Хани, новинарка од Либан.
Глобалната комуникациска кампања „Opportunity China·Coastal Ningbo“ и настанот „Spring Viewing Port“ беа официјално претставени во текот на вчерашниот ден во пристаништето Ningbo Zhoushan, а на овој навистина посебен настан присуствуваа новинари од Балканот, Блискиот Исток, како и од агенцијата Франс Прес, Дојче Цајтунг и Португалската национална новинска агенција.
Во продолжение целата фотогалерија:
Од Нингбо-Кина, Анита Буховски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.