18 Декември, 2025
0.0561

Ништо не може да го запре растот на Walmart

Објавено во: Свет 22 Февруари, 2013 12:43

Добивај вести на Viber

Минатата недела во медиумите во САД протекоа е-маил пораки меѓу раководни лица во најголемиот ланец на продавници во светот Walmart, кои укажуваат дека продажбата на компанијата во моментот е катастрофа. Според објаснувањето од Walmart, падот на продажбата се должи на забавевата исплата на даноците на американските граѓани, што е привремен проблем. Според овие информации, изгледа ништо не е способно да го забави темпото на овој светски гигант во трговијата на мало. Walmart помина долг пат откако Сем Волтон ја отвори својата прва продавница во Роџерс, Арканазас, пред 50 години. Во прилог можете да прочитате неколку факти за Walmart, избрани од Business Insider: 1.Walmart  забележа приближно 444 милијарди долари продажба за финансиската 2012 година, што на пример е за 20 милијарди долари повеќе од БДП на Австрија. Ако Walmart беше држава, тоа ќе беше 26-та најголема економија во светот. 2.Walmart има најмногу вработени во целиот свет (2,2 милиони) или колку што е населението на Хјустон на пример. Компанијата има 1,4 милиони вработени само во САД. 3.Ако Walmart беше армија, тоа ќе беше втората најголема армија во светот, по онаа на Кина. 4.Еден просечно четиричленно американско семејство троши над 4.000 долари годишно во Walmart. 5.Секоја недела Walmart опслужува повеќе од 200 милиони корисници во над 10.400 продавници во 27 земји. 6.Еден на секои четири долари, што Американците трошат за храна, оди во Walmart. 7.Во 2010 година, главниот извршен директор на компанијата Мајкл Дук добил 35 милиони долари плата. Тоа значи дека за час тој заработува повеќе отколку еден вработен во Walmart заработува за една година. 8.Во 2009 година, Walmart продал повеќе банани од која и да било друга стока. 9.Извозот на Кина за Walmart придонел со 11% за растот на вкупниот трговски дефицит на САД со Кина во периодот 2001-2006 година 10.Ако сите 83,6 километри квадратни деловен простор на Walmart бидат собрани на едно место, тогаш би се еднакви приближно на површината на Менхетен. 11.Само паркингот пред продавниците на Walmart се со вкупна површина колку Тампа, Флорида. 12.Во 2000 година против Walmart се поведени 4.851 дела, или едно на секои 2 часа. 13.90% од сите Американци живеат на не повеќе од 24 километри од продавница на Walmart. 14.Фамилијата Волтон има донирано околу 2% од своите пари за добротворни цели - Бил Гејтс ќе донира 48% од своите, а Ворен Бафет 78% од своето богатство. 15.Околу 4.700 ( 90%) од меѓународните продавници на Walmart работат под друга марка, вклучувајќи Asda во Велика Британија, Seiyu во Јапонија, и Best Price во Индија.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина