20 Декември, 2025
0.0975

НИШТО ОД ПРОСЛАВАТА НА ПЛОШТАД: Град Скопје ќе ги донира парите, Авалон ќе го тужи Коце!

Објавено во: Македонија 22 Декември, 2016 11:55

Добивај вести на Viber

Откако голем дел од јавноста побара општините наместо да се расфрлаат со пари за дочекот на Нова година да ги донираат парите за хуманитарни цели, Град Скопје реши да го прифати тој повик и од кабинетот на таткото на градот Коце Трајановски соопштија дека прославата се откажува.

„Градот Скопје ја информира јавноста дека се откажува од дочекот на Новата  2017 година што требаше да се одржи на плоштадот Македонија. Средствата коишто беа планирани за организирање на дочекот и се во изност од околу 2 милиона денари ќе ги донира во социјални цели. Одлуката каде ќе бидат донирани средствата ќе ја донесе Советот на Град Скопје“, соопштија кратко од кабинетот на градоначалникот.

Оттаму додаваат дека Градот Скопје веќе 10 години наназад троши минимални средства за организирање на дочекот на Новата година затоа што забавата за граѓаните ја финасираа мибилните оператори во земјава, а годинава спонзор на забавата  требаше да биде  Македонски Телеком.

Очекувано беше дека со реакција на оваа одлука ќе се јави продукцијата која што ги застапува пеачите кои требаше први да ја честитаат Новата година пред граѓаните на Плоштад Македонија.

Така, менаџерот на Каролина Гочева на социјалните мрежи најави тужба.

Бобан Милошески од Авалон Продукција вели дека ако Скопје се откаже од дочекот на Новата Година и со тоа ги оштети македоснките артисти и продукцијата од Македонија, Авалон Продукција ќе го тужи Град Скопје и ќе бара целосно да бидат исплатени сите трошоци.

Исто така, од хуманитарни причини, Авалон ќе покрене петиција Градоначалникот Коце Трајановски и вработените во Град Скопје своите 6 месечни плати да ги донираат на сиромашните.

Милошески пишува и дека Нова година на пеачите во земјава им значи живот исто како на секој кој што работи за плата.

„Пеачите за Нова година заработуваат за живот и нив тој термин им значи како на некој вработен 6 плати“, напиша менаџерот на Каролина.

Според првичните информации забавата за дочек на новата година требаше да започне во 19:30 часот со DJ Douz, потоа требаше да настапува Адријан Гаџа од 21 до 22 часот. 

Следуваше Слаткар од 22:10 до 23:10 часот, а Новата година требаше прва да ни ја честита Каролина Гочева, со настап од 23:15 до 00:15 часот и настапот на Миле Кузмановски, кој што ќе ги забавува присутните се до 01:30 минути по полноќ.

Градот Скопје оваа година издвои 3 милиони денари за организацијата на Новогодишниот базар и дополнителни 2 милиони денари за дочекот на Новата Година.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки