НИСКА ОТКУПНА ЦЕНА: Безуспешна средба на министерот Цветков со оризопроизводителите
Објавено во: Агробизнис 25 Март, 2016 16:31
Без успех за договор поради ниската откупна цена заврши денешната средба на министерот Цветков со оризопроизводителите.
Претставници на земјоделското здружение „Бело злато“ од Кочани кои неодамна протестираа разочарани денеска си отидоа од средбата.
-Нема конкретно решениe за нашиот проблем. Добивме само уште едно ветување дека ќе се обиде да најде решение. Министерот ни го пренесе ставот на откупувачите со кого имаше средба претходно. Откупувачите нудат 35 денари за килограм бел ориз. Со оваа цена не можеме да ги покриеме ниту основните трошоци, а не да инвестираме во новата сезона која започнува за десетина дена – му се пожалија земјоделците на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,Љупчо Николовски.
Оризопроизводителите потсетија дека вакво исто ветување од Цветков добиле пред жетвата, кога најавил дека цената на белиот ориз ќе биде 50 денари, а на арпата 25 денари за килограм.
На ова Николовски одговори дека проблемот со пласманот на земјоделските производи е проблем на државата и дека мора да се излезе во пресрет на земјоделците. Тој го повтори излезното решение преку интрвентен откуп од страна на владата.
-Согласно Законот за земјоделство и рурален развој, на барање на министерот за земјоделство, владата може да изврши интревентен откуп на ориз и на тој начин да ви помогне со пласманот – изјави Николовски и додаде дека долгорочното решение на проблемот е во конкурентно производство, односно преку поефтини репроматеријали као зелена нафта, семе, ѓубрива и препарати и секако навремена исплата на субвенциите, да се намали производната цена на оризот и на тој начин да им одговара и на земјоделците и на откупувачите.
Николовски вети дека останува посветен на проблемите и потребите на земјоделците и ќе стори се да им се помогне да се решат нивните проблеми што е во интерес на вкупното земјоделско производство.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





