Ниската цена на јагнешкото им задава главоболки на сточарите
Објавено во: Агробизнис 28 Март, 2019
Цената на килограм јагнешно месо е 130 денари, и оваа цена е поразителна за сточарите.
Тие велат дека е потребно таа да биде 180 или над 180 денари за да биде исплатливо одгледувањето на јагниња.
Претседателот на Здружението на сточари „Даши“ од Дебар, Скендер Аме вели дека поради климатските промени, сушни лета, студени зими, за храна сега трошат за 30% повеќе пари од претходните години. Додава дека многу од сточарите кои имале стотина овци, веќе ги продале своите стада, а оние кои имаат по 500 грла не можат лесно да ги продадат.
„Сточарите се разочарани, и ако вака продолжи, стадата ќе се намалат. Овца претходно чинеше 120 или 130 евра, а сега се продава за 60 евра. Поради изборите немаме одговор од надлежните, но се надеваме дека по изборите ќе има решение за овој проблем. Некои од сточарите немаат време да чекаат“, вели Аме.
Митко Јанков од Агроцентар Велес вели дека цените на јагнешното се катастрофални.
„Со цените сме на нула, и ако вака се продолжи овци ќе има само во зоолошка градина, никој нема да чува. Сите сточари ги продаваат овците, но нема кој да ги купи. Ние имавме протест, а потоа штрајкот ќе го ставиме во мирување поради претседателските избори. Се надеваме дека ова ќе се реши, затоа што имавме дадено збор“, рече Јанков.
Сточарите велат дека бројот на овци од 500.000, се намали на едвај 300.000.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по претседателски избори ќе излезе со предлог решение за да им помогне на одгледувачите на овци. Ова беше договорено на вчерашната средба што се одржа во МЗШВ со здруженијата на одгледувачите на овци.
По завршувањето на откупот на јагне ќе се анлизираат податоците од терен. На средбата претставниците од здруженијата и од МЗШВ се договорија секое здружение до МЗШВ да испрати пополнет прашалник за сите трошоци што ја формираат производната цена. Оваа цена ќе се спореди со анализите на МЗШВ, со цел да се дојде до реална производна цена, за да може да се подготви соодветно решение за одгледувачите на овци. Решението ќе биде презентирано, по вториот круг на претседателските избори, кога и престануваат законските ограничувања кои важат за време на предизборниот период.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.