05 Декември, 2025
0.1301

Ниски откупни цени за јагнешкото месо

Објавено во: Агробизнис 28 Март, 2016 11:25

Добивај вести на Viber

Оваа година поради ниските цени за откуп на јагнешко месо, пласманот е послаб од минатата година. Откупната цена годинава изнесува 130 денари за килограм жива мера или за скоро 30 денари помалку од претходната година. Според извозниците проблемот  е во поголемата понуда и пониската цена на пазарите каде што традиционално се продаваат јагнињата од Македонија. Фрамерите тврдат дека поради ниската цена која не атрактивна, се продадоа 100.000 наместо 150.000 јагниња. Ова ги натера многу од македонските сточари да ги задржат женските јагниња, наместо да ги продаваат за ниска цена. Поради Католичкиот Велигден пракса од претходните години е да има поголема побарувачка за јагнешко месо. И пред неколку години сточарите беа разочарани од ниските цени за јагнешкото месо. Пласманот на јагнешкото во странство е 85% од производството и носи годишен прилив до 15.000.000 евра.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?