НИСКИОТ ОПФАТ НА ВАКЦИНАЦИЈА Е РИЗИК ЗА ИЗБУВНУВАЊЕ НА РАЗНИ ЕПИДЕМИИ: „Со научни докази против теориите на заговор за вакцините“
Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2024
Ризикот од
враќање на старите болести во Македонија расте поради се помалата
заинтересираност за вакцинација против заразните заболувања. Според лекарите, и
последните случаи на потврден пертутис, или кај народот позната како црна,
магарешка, голема кашлица е последица на нискиот опфат на имунизација со
потребната вакцина, односно ДиТеПер. Регистрираниот опфат за примарната
вакцинација е под 90 отсто за сите вакцини – хепатитис Б (ХепБ), хемофилус
инфлуенца тип Б (ХиБ), ДиТеПер/ИПВ и МРП вакцината, како и вакцинацијата против
ХПВ, која бележи најнизок опфат од сите вакцини.
-Нискиот процент, особено онаму каде што имаме само 70 отсто, а некаде дури и многу понизок процент секако носи ризик од развој на епидемии од заразните болести. Генералната констатација е дека дефинитивно е паднат интересот за вакцинирање на децата и тоа по однос на сите вакцини, заради што и интензивно се работи за надминување на ваквата состојба и достигнување на онаа потребна граница за создавање колективен имунитет, а тоа е 95 отсто инунизирано население, вели д-р Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести.
Во извештајот за реализација на Програмата за задолѓителна имунизација на населението за 2022 година се наведува дека намалувањето на опфатот со вакцинација е тренд присутен не само во нашата земја, туку и на глобално ниво, а последните неколку години е несомнено е поврзан со тековната пандемија на КОВИД-19.
-Во текот 2022 година, опфатот за примовакцинацијата со три дози на ДиТеПер/ИПВ/ХиБ вакцина, како и вакцината против хепатит Б, иако е понизок од 90%, сепак бележи зголемување во однос на 2021 година. Значително зголемување се бележи на опфатот кај училишните деца на 7 и 14 годишна возраст со ДиТе(Пер)/ИПВ, кој не само што го надминува опфатот во пандемиските години, туку е повисок и од петгодишниот просекот од 2017-2021 година.
·
Опфатот на примовакцинација (со три дози) со вакцините вклучени во
поливалентните вакцини (ХиБ, ДиТеПер и Полио), бележи зголемување во однос на
2021 година (80,9%) и изнесува 83,9 %, а за вакцината против Хепатит Б изнесува
84,1%.
· Опфатот со МРП вакцина, бележи благо зголемување во однос на 2021 година (70,4%), и сéуште има низок опфат од 70,7% што е далеку од препорачаниот опфат од 95%.
· Првата ревакцинација со ХиБ, ДиТеПер и ИПВ вакцина (вклучени во поливалентните вакцини) на 18 месеци го следи опфатот со МРП вакцинацијата, во 2022 година бележи зголемување во однос на 2020 година (66,0%), но во однос на 2021 година (72,8%) се регистрира благо намалување на 69,3%.
-За сликата која ја имаме во државата не можеме да ги обвинуваме само антиваксерските кампањи. Родителите се бомбардирани и се долготрајно изложени на лажни информации присутни на социјалните мрежи. Верувањето во разни теории на заговор придонесува во голема мера вакцинирањето да бележи ниски резултати. Она на што сега се фокусираме е да ги информираме родителите со научно докажани студии за тоа кој е бенефитот од вакцинацијата против заразните болести, вели д-р Мехмедовиќ.
Посебно загрижува фактот што на одредени територии, на како што се ЦЈЗ Скопје, ЦЈЗ Тетово, ЦЈЗ Битола и ЦЈЗ Струмица, за поедини вакцини се регистрира опфат кој е понизок од 90%, 80% или 70%. На територијата на ЦЈЗ Куманово, за примовакцинација со ХепБ/ХиБ/ДиТеПер/ИПВ се регистрира опфат од 53,7%, а за вакцинација со МРП вакцина опфатот е само 40,3%.
Трендот на намалување на опфатот со задолжителната вакцинација го зголемува ризикот од појава на епидемии од вакцино-превентабилни заболувања, па според резултатите од извештаите за спроведена задолжителна имунизација од Центрите за јавно здравје и нивните подрачни единици во 2022 година, како и според препораките на СЗО и други меѓународни компетенти институции, се наметнува неопходна потреба од превземање на сериозни мерки во однос на задолжителната вакцинација во Република Северна Македонија. Токму затоа од средината на декември почна новата кампања под мотото „Да не си играме со здравјето!“ на Министерството за здравство и УНИЦЕФ со поддршка од УСАИД, а ќе се спроведува во следните месеци низ земјата. Станува збор за продолжение на кампањата „Заштитени заедно – вакцините делуваат“ од почетокот на оваа година, во која се вклучија здравствените работници, педијатрите, лекарите од пунктовите за вакцинација и гинеколозите за да зборуваат за опасностите од одложување на вакцинацијата, како и за придобивките од рутинските вакцини во детството, како најефикасен начин да се заштити здравјето на децата.
Анита Буховски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.