Ниските плати не и помогнаа на Грција
Објавено во: Балкан 06 Ноември, 2014 16:15
Намалувањето на платата не е добар начин за решавање на економските проблеми и тоа не помага на излезот од кризата, вели Бернард Сегол од Европската конфедерација на синдикатите.
Намалувањето на платата никогаш не претставувало добро решение. Тоа не е решение ни од аспект на социјалната правда, туку е пример за воспоставување на социјална неправда“, рекла Сегол на конференцијата за новинари во паузата на собирот на „Индустриските односи и социјалниот дијалог во Србија и Европската унија“.
Сегол рекла дека ставот на ЕКС е платите да се импулс на економијата, а со нивното намалување се „скратуваат рацете на економијата“.
„Тој метод кој е применет во Шпанија и Грција не помогна во изнаоѓањето на решение за проблемот на економиите на тие земји“, истакна генералната секретарка на Европската конфедерација на синдикатот.
Според нејзините зборови, решение за излегување на економијата од кризата треба да се бара во скапи методи, а не во еднострано намалување на платата кон кое владите посегнуваат бидејќи е најефтин метод.
Бернадет Сегол во Белград е по повод собирот на „Индустриските односи и социјален дијалог во ЕУ“, кој го организираат Сојузот на самостојни сндикати на Србија и Конфедерацијата на синдикати „Независност“, кои на 22 октомври беа примени во Европската конфедерација на синдикати.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




