Ниту еден од ковид позитивните со делта сојот не е вакциниран, потврди Министерството за здравство
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 06 Јули, 2021
Од Министерството за здравство, информираат дека ниту еден од ковид позитивните пациенти кај кои е изолиран делта сојот не е вакциниран против Ковид 19.
По направените анкети со пациентите утврдено е дека никој од нив не примил ниту една доза вакцина, односно ниту се вакцинирани, ниту ревакцинирани.
„Од вкупниот број позитивни пациенти, кај кои е утврдено присуство на делта сој, само еден е во многу тешка состојба. Станува збор за пациент, кој 8-9 дена откако појавил симптоми на Ковид 19, одбивал да оди на лекар и бил во домашна изолација. Во моментов се вршат епидемиолошки анкети на останати членови од семејството на двајца од хоспитализираните пациенти, кои живееле во заедница и возможно е да се утврди и кај нив присуство на индијски сој на вирусот. Министерството за здравство апелира до граѓаните за што помасовна вакцинација, како и придржување кон основните препораки за заштита од Ковид 19. Сите вакцини со кои располагаме се безбедни и ефикасни и се единствениот начин за заштита од Ковид 19“, соопшти Министерството за здравство.
Во Македонија по трите случани на заразени со делта варијантата, потврден е и четвртиот.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.