25 Ноември, 2024
0.0268

НИТУ ЕДНО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО, НИТУ ЕДНО РАБОТНО МЕСТО, САМО ДУПКА СРЕДЕ ЛИВАДА ВО ТИРЗ ТЕТОВО: Ништо од триумфалната инвестиција тешка 720 милиони евра

Објавено во: Македонија 10 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска упати остри критики откако вчера официјално беше обелоденето дека од триумфално најавената фабрика за електрични автомобили во Тетово нема да има ништо. Партијата бара одговори од институциите каде се парите од одобрената државна помош за овој проект во износ од 42,5 милиони евра.

- Ќе остане една дупка среде ливада во ТИРЗ Тетово со 4 арматурни шипки, во која со сите церемонии и на фанфари лопати фрлаа Ковачевски и пола влада на ДУИ и СДС во август 2022 година, непосредно пред повторените локални избори во Тетово, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Да потсетиме што кажуваа во таа прилика владините функционери , велат од ВМРО-ДПМНЕ и наведуваат:

· Артан Груби објави дека домашната интернационална компанија „Еколог“ (читај фирма блиска до ДУИ) ќе произведува електрични возила со Next e.Go Mobile во Тетово, а инвестицијата ќе биде 720 милиони евра.

· „Денес ќе се постават темелите на инвестиција која само во првата фаза тежи 130 милиони евра и којашто ќе отвори најмалку 890 нови добро платени работни места“, рече премиерот Димитар Ковачевски на 13 август годинава.

· „Градбата на самиот објект треба да започне во следните 6 до 8 недели. Тоа значи дека многу брзо, на почетокот на есента, ќе го видиме почетокот на градежните работи“, рече директорот на дирекцијата за ТИРЗ, Јован Деспотовски по завршувањето на церемонијата.

· „Со оваа мултимилионска инвестиција на компанијата e.GO во ТИРЗ Тетово каде за прв пат ќе почнат да се произведуваат електрични возила во Северна Македонија, започнува нова ера во делот на странските инвестиции. Е-Го е многу сериозна компанија, со седиште во Германија, нема да помине повеќе од еден месец и ќе почне да се гради“, рече министерот за економија, Крешник Бектеши.

· „Големите инвестиции имаат ефект на снежна топка. Брендовите привлекуваат локално и нови инвестиции“, ќе рече министерот за финансии, Фатмир Бесими.

После скоро две години нити почната изградба на фабриката, ни С од стратешка инвестиција, ни 130, ни 720 милиони евра инвестиција, нити 890 добро платени работни места, ниту 4.000 индиректни работни места, ниту 30.000 произведени електрични автомобили годишно, ни ефект на снежна топка, ни бутур. Се што ветија Ковачевски, Деспотовски, Бектеши, Бесими, Груби, СДС и ДУИ, се излажаа. Купуваа време и лажеа, не овој петок, нареден понеделник ќе почне со градба, де тесна била парцелата, де широка била маркицата и на крај се пропадна, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Повикуваме надлежните институции детално да го истражат случајот со државната помош за „фабриката за електрични автомобили“ во Тетово. Доколку тоа не се направи сега, после изборите и промената на власта ќе се спроведе целосна ревизија на овој таканаречен проект и ќе се провери дали и каде завршил секој денар од народните пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик