НИТУ ЗА 3.000 ДЕНАРИ НЕМА ДА ГИ ТЕРАМ ПАЦИЕНТИТЕ КОИ ПРЕД МЕСЕЦ И ПОЛ ПРЕЛЕЖАА КОВИД ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ: Матичните лекари остро против мерката „стимулација“
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2021
По одлуката на
Владата во насока на стимулација на
интересот за вакцинација за заштита од корона вирусот и за спречување на
ширењето на пандемијата, за еднократна финансиска награда во висина од 30
денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70%
со вакцинација на своите пациенти од вкупниот број запишани кај нив, матичните
лекари со кои поразговара Фактор велат дека поголем апсурд од ваква мерка
немаат слушнато.
-Ова е повеќе од поттценувачки за нас како матични лекари, кои и досега сме ставани на маргините во целиот ланец на здравствениот систем. Нам не ни треба стимулација од 30 денари по пациент за да се вакцинира. Тоа го правиме свесно и одговорно од самиот почеток на масовната вакцинација против ковид-19, некаде од пролет. Сите мои хроинично болни пациенти се вакцинираа уште во мај, сега ја примаат и третата доза, односно бустерот. Огромен број и мои млади пациенти се вакцинираа подоцна....јули, август, септември. Разговарам со нив за тоа колку е сериозен вирусот и каква штета прави по прележеувањето и зошто е важна вакцинацијата пред воопшто да се заразат. Но, имам пациенти кои за жал беа инфицирани, некои од нив поминаа полесно, некои беа со потешка слика и се лекуваа или на Инфективната клиника или во ГОБ „8 Септември“. Тие луѓе уште имаат висок број на антитела, донираат крвна плазама за други болни пациенти, и навистина не гледам причина зошто да ги терам да се вакцинираат сега. И ние, матичните лекари читаме, следиме, гледаме искуства од други земји...никаде нема вакцинацина на прележаните по само месец и пол ја прележале болеста. Со ова не можам да се согласам и готово. За овие пациенти не ми треба стимулација ниту од 3.000 денари, а не за 30 како што одлучија нашите власти. За сите останати, вакцинацијата целосно ја поддржувам и работам во насока на тоа да се заштитат со вакцина уште, како што реков, од почетокот на имунизацијата против Ковид-19 и без стимулацијам, велат матичните лекари со кои разговараше Фактор.
Инаку, Владата ја донесе оваа мерка откако не беа прифатени првичните предлози на Комисијата за заразни болести, а тие се однесуваа на вработените во администрацијата, владините институции, локалната самоуправа. Беше предложено за да влезат на работното место, вработените во јавниот сектор да бидат или вакцинирани, или да приложуваат ПЦР-тест не постар од 72 дена, додека предлогот за здравствените работници пак, беше задолжителна вакцинација против корона вирусот. Владата смета дека за ваквите мерки се потребни дополнителни анализи.
Единствено во земјава ќе бидат засилени контролите на сертификатите со скенирање на кодовите со цел да не им се дозволи оние со фалсификувани документи да влегуваат во затворени простории каде што има голем број луѓе.
Во очекување на дополнителните анализи, Владата ги задолжи ресорните министерства и инспекциски служби да ги вложат сите капацитети и да ги зајакнат примената и контролата на спроведувањето на сите активни мерки за заштита од КОВИД-19, а особено на системот на проверка на сертификатите за вакцинација, ПЦР тестовите и потврдите за прележана инфекција со КОВИД-19 низ ригорозна проверка на идентитетот на лицата кои ги прикажуваат овие документи за пристап во објектите каде што е тоа задолжително, беше наведено во соопштението од претходната владина седница.
Анита Буховски* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.