20 Декември, 2025
0.0628

НИЗ МАКЕДОНИЈА: Училиштата “мета“ на ЗМАИ, 29 немаат санитарни јазли

Објавено во: Македонија 12 Април, 2018 09:01

Добивај вести на Viber

За состојбата во образовниот систем од еден поинаков аспект. Без соодветни услови не може да се очекува соодветно образование.

Здружението на млади аналитичари и истражувачи, ЗМАИ Скопје на настанот одржан на 11ти Април ги презентираше наодите од истражувањето на Инфраструктурниот развој и техничко технолошката опременост на училиштата. Во ова истражување се опфатени 90 проценти од Основните училишта во Македонија. Имено, од главните наоди може да се изнесат следниве заклучоци:

Во изминатите 10 години вкупно инвестирани средства во сите испитани училишта на ниво на Македонија се во износ од 36 842 216 евра. По идентификувањето на состојбата во училиштата во однос на тоа што поседуваат од инфраструктура и техничка опрема направена е реална процена на потребните инвестиции за унапредување на развојот на основните образовни установи. Потребни средства кои треба да се инвестираат во основните училишта за унапредување на инфраструктурата и нивната техничко технолошка опременост се во износ од 165 228 048 евра. Инвестициите се однесуваат на изградба на надворешни спортски терени во училиштата кои немаат спортски терени; изградба на фискултурни сали во основните училишта без фискултурни сали; изградба на библиотеки во училиштата во кои нема библиотеки; изградба на кујна и трпезарија во сите основни училишта кои имаат наведено дека немаат кујна и трпезарија; изградба на санитарни јазли во сите училишта кои имаат наведено дека немаат санитарни јазли; процена на потребните инвестиции да се набават SMART табли за сите училници во училиштата кои немаат вакви табли; процена на потребните инвестиции да се воведе интернет и сметки за интернет на годишно ниво и сл.; Од истражувањето се утврди дека постои статистички значајна разлика во развојот на основните училишта во урбаните средини и во руралните средини. На ниво на Македонија основните училишта во урбаните средини имаат повисоко ниво на инфраструктурна развиеност. Исто така, основните училишта во урбаните средини имаат повисоко ниво на технолошка развиеност од основните училишта во руралните средини.

Регионално гледано основните училишта во Скопскиот регион се инфраструктурно поразвиени од училиштата во другите региони на Република Македонија. Во другите региони се слични нивоата на инфраструктурен развој на основните училишта.

Позначајна состојба во училиштата која мора да биде итно променета е што во 29 основни училишта и подрачни основни училишта нема санитарни јазли. Во овие училишта учат 1335 ученици. Инвестицијата за промена на ваквата состојба би чинела помалку од 400 000 евра. Дополнително, 66,83% од испитаните училишта се интернет претплатници, односно третина од училиштата немаат интернет во училишната зграда.

Инфраструктурно најразвиени основни училишта се во општините Карпош и Центар, а најслабо развиени се Чешиново – Облешево, Пласница.

извор: Бизнис вести

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки