„Њујоркер“: Како да се победи невработеноста?
Објавено во: Мои пари 03 Мај, 2013
Иако во Македонија веќе две децении невработеноста не паднала под 30%, сепак барањето работа е стресно време насекаде во светот. Со цел да им се помогне на невработените„Њујоркер“ дава 9 совети за полесно надминување на овој проблем.
1.Осовременете го вашето резиме (работна историја)
Вашето резиме можеби е само парче хартија, но истото тоа беше и Декларацијата за независност. Како што тој фамозен документ ја ослободи земјата од притисокот на британското владеење, така и вашето резиме може да ве ослободи од репризирање на епизодите на „Касандра“ во три попладне. Затоа дајте си време да ја изделкате вешто и грижливо секоја реченица, и одберете фонт кој ќе ве одвои не само од типичните, туку и од безвезно долгите празнини во вашата историја на вработувања.
2.Обновете си ја гардеробата
Додека го читате ова, постојат големи шанси да носите кошула со дамки од сос од шпагети на едниот, ако не и на двата ракави. Време е да излезете од вашата зона на опуштеност, и да се почестите со едно или две парчиња облека. Ќе се изненадите колкава доверба ќе добиете само ако подобро се облекувате. И колку дополнителна самодоверба ќе добиете ако да јадете со вилушка и нож.
3.Влезете во форма
Вашето безработно тело минува нив многу промени. Можеби ќе забележите и дека ви израснале влакна на некои нови места. Како што се вашите уши. Зголемувањето на тежната е исто често по сите тие месеци поминати на каучот. Важно е да запомните дека вашата надворешна појава е критична, и за тоа како ќе се чувствувате и како другите ќе ве гледаат, па затоа е логично дека кога ќе отидете на интервју за работа со чувство на дебелина затоа што сте се здебелиле, тогаш и луѓето ќе гледаат на вас дека сте се здебелиле кога ќе ве видат вас и вашиот стомак.
4.Најдете си страст Овој продолжен прекин на невработеност нуди редок момент да застанете и да се преиспитате што всушност сакате да правите со вашиот живот, да си поставите тешки прашања, како на пример: Дали бев исполнет на последната работа? Што всушност сакам да работам? Дали баш вака изгледаат отоците од лежење? Направете листа на ваши вештини, листа на ваши посакувани работни места, листа на ваши омилени ресторани, листа на филмови кои сакате да ги гледате, листа на главни градови, по азбучен ред. Продолжете да правите листи се додека некој не одговори на оние ваши стотици резимеа кои сте ги испратиле наоколу барајќи работа. 5.Вежбајте ги вашите вештини за интервјуа Интервјуата за работа се како возење велосипед. Тандем велосипед со некој по име Хауард кој седи зад вас и ве прашува едно по друго прашање кое ви боде нож во душата. Онолку колку се здодевни прашањата на Хауард, толку сте и вие понезаинтерсиран дури и да вежбате да одговорите на нив. Обидете се да изведете лажно интервју заедно со некој пријател за да минете низ одговорите за некои веројатни прашања, како што би било „Ако ве вработиме тука, дали можете да замислите дека секогаш ќе се потите волку?“ Дури и најдобрите од нас можат малку да зарѓаат со текот на времето. На пример, можеби добро сте чукале на тастатура додека сте работеле, или сте биле вешт во развивање на креативен пауерпоинт перзентации, но сега ништо од тоа веќе не знаете. 6.Социјализирајте се! Повеќето канцелариски работни места се социјални, со многу зборување и гестови со раце. Сега проблемот е што ако некое време сте живееле прилично осамен, не може да се очекува дека веднаш ќе скокнете во канцеларискиот ринг. Обидете се да практикувате разговори со ладилникот за вода дома, се додека не бидете способни да составите фрази како: „Јас викенди сакам, ти викенди сакаш?“ И се додека во двете ваши ноздрви не се збрцаат прстиња.7.Повратете го вашето достоинство
Можеби ќе ви изгледа дека било одамна, но обидете се да се вратите во времето кога сте биле вработен и корисен. Кога сте имале место каде да поднесете извештај за секој ден, кога луѓето сметале на вас за кафе и необврзна масажа на рамената. Каде по три години, вашиот газда се уште ве вика Рејчел, без разлика на тоа колку пати сте му напоменале дека се викате Ден. Помислете на тоа време, и нека тоа биде светилникот кој ќе ви го осветлува патот назад кон животот исполнет со корисност и смисол.
8.Мислете позитивно
Колкав и да е предизвикот да ја сокриете вашата ситуација, потенцијалните работодавачи можат да ја намирисаат вашата негативност на километар, и да се ситат на тоа. Едно утро ќе се разбудите и ќе си помислите: Која е смислата да се будам? Тогаш ќе почнете да се облекувате и ќе си помислите: Зошто да се мачам? Следното нешто што ќе ве снајде е дека лутате низ трговски центар, посрамен и гол, со залепена кесичка бонбони Синабон во вашата рака, и да се чудите зошто не сте виделе чек за плата веќе осумнаесет месеци.
9.Избегнувајте ги оние кои се сомневаат
Во завиност од тоа колку време сте без работа, има големи шанси во вашиот живот да постојат луѓе кои имаат проблем да ве разберат зошто толку долго немате работа. Тие сакаат да ви бидат од помош, но ја изгубиле способноста да имаат емпатија кон вашата ситуација. Можеби и се прашуваат колку напорно барате работа во овој момент. Не ви треба таков вид негативна енергија, заедно со сето друго со кое се справувате. Обидете се да им разјасните дека гледањето на телевизија е привилегија. Привилегија која тато е многу вољен да им ја одземе, ако продолжат да ве озборуваат од зад грб.