08 Декември, 2024
0.0514

НЛБ Банка го заокружи „НЛБ месецот на штедење“ со порака за хуманост и позитивни промени во заедницата

На свечен настан, наградени деца и основни училишта за ликовни творби и хуманитарни активности

Објавено во: Мои пари 07 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Со изложба на детски цртежи, награди и благодарници за децата и основните училишта кои земаа учество во „НЛБ Месецот на штедење“, денеска со свечен настан се заокружи едномесечната активност која традиционално, веќе 13 години, ја организира НЛБ Банка по повод Месецот на штедење.

Под слоганот „Штедиме и правиме добри дела“ и годинава, Банката имаше уште едно успешно издание на Месецот на штедење, во рамките на кој пристигнаа повеќе од 1500 цртежи и 25 реализирани хуманитарни предизвици од основни училишта ширум земјата.

На денешниот настан, НЛБ Банка награди 30 деца-автори на најдобрите цртежи кои пристигнаа на конкурсот со штедни книшки со паричен влог од 3.000 денари. За изборот на 20 победнички цртежи беше задолжена стручна жири-комисија составена од академски уметници, додека останатите 10 беа избрани преку отворено гласање на микросајтот на Банката, отворен специјално за оваа намена.

Со наставно помагало, училиштен микроскоп, беа наградени и сите 25 основни училишта кои одговорија на годинешниот предизвик, реализирајќи хуманитарни активности како; посета на домови за стари лица и претстави за штитениците, донаторски акции во храна, облека и играчки за ранливи категории, помош на изнемоштени лица од нивното соседство и низа други.

„НЛБ Месецот на штедење е една од најзначајните активности кои ги реализираме во областа на финансиската едукација затоа што веруваме дека финансиската писменост е важна животна вештина. Создавањето штедни навики кај децата од најрана возраст, не само што им помага да ја разберат вредноста на парите, туку и ги опремува со алатки кои ќе им користат во текот на целиот живот.“ – истакна на настанот Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка, Тони Стојановски, а во контекст на годинешната тема „Штедиме и правиме добри дела“ тој додаде: Како општествено одговорна институција ние навистина правиме многу добри дела. Но нашата улога во заедницата е многу повеќе од тоа. Искористувајќи ги сите наши ресурси, ние имаме обврска да ја десиминираме пораката за хуманост и да поттикнуваме позитивни промени во заедницата. Токму затоа годинава ја избравме оваа тема и среќни сме што успеавме во нашиот мотив“.

НЛБ Месецот на штедење започна на 25 септември со претстава со маскотите на детското штедење на Банката, Тиби и Штуки, како и дружење со специјалните гости од Црвениот крст на Град Скопје кои во своето обраќање ставија фокус на промоцијата на хумани вредности. Забавно-едукативната програна љубопитно ја проследија основци од неколку училишта од Скопје, но во текот на едномесечната кампања беа посетени и голем број основни училишта во низ земјата во кои беше изведена едукативната претстава со Тиби и Штуки, а на тема штедење, предавања одржаа вработени од експозитурите на Банката.

пр објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Инженери од МАКО СИГРЕ ја посетија биогасната електрана Сарамзалино

Инженери од МАКО СИГРЕ ја посетија биогасната електрана Сарамзалино

„Макпетрол“ го освои 50 медал на најсилните карате натпреварувања

„Макпетрол“ го освои 50 медал на најсилните карате натпреварувања

Фероинвест и ЕМС споделуваат искуства со германски компании за модернизации во приватниот енергетски сектор

Фероинвест и ЕМС споделуваат искуства со германски компании за модернизации во приватниот енергетски сектор

Ивица Карапетров, заменик управител на рудниците Бучим и Боров Дол: Усогласувањето со ЕСГ стандардите е наша стратешка определба за современ развој и напредок

Ивица Карапетров, заменик управител на рудниците Бучим и Боров Дол: Усогласувањето со ЕСГ стандардите е наша стратешка определба за современ развој и напредок

Нова група на волонтери на Мировен Корпус положи заклетва

Нова група на волонтери на Мировен Корпус положи заклетва

Златен медал за Стојановиќ од „Макпетрол“ на светската младинска карате лига во Венеција

Златен медал за Стојановиќ од „Макпетрол“ на светската младинска карате лига во Венеција

Се прашувате што да подарите за новогодишните празници? Што велите за подарок ваучери од dm?

Се прашувате што да подарите за новогодишните празници? Што велите за подарок ваучери од dm?

Енергетска стабилност и брза реакција во услови на потенцијални кризни ситуации - Формирана Комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Енергетска стабилност и брза реакција во услови на потенцијални кризни ситуации - Формирана Комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Не очекува нов бран на поскапување на кафето!

Не очекува нов бран на поскапување на кафето!