НЛБ Банка и VISA ве носат на Светското првенство во фудбал во Катар
Објавено во: Мои пари 05 Септември, 2022 14:29
Во пресрет на Светското првенство во фудбал кое оваа есен ќе се одржува во Катар, НЛБ Банка и Visa организираат „ГООООЛема наградна игра!“.
Според правилата на наградата игра, сите корисници на НЛБ Visa кредитни картички кои, во периодот од 1 септември до 15 октомври 2022 година, ќе направат најмалку една трансакција на износ од минимум 300 денари, стануваат потенцијални добитници на една од двете главни награди – патување и престој за двајца на Светското фудбалско првенство во Катар.
Покрај двете главни награди, предвидени се и дневни и неделни награди во форма на фудбалски топки и специјални спортски сетови. Извлекувањето на дневните награди ќе се врши секој работен ден,почнувајќи од 2 септември до 17 октомври2022 година, додека неделната награда - спортски сет, ќе се доделува секоја среда, во истиот временски период.
Двајцата среќни добитници кои ќе патуваат за Катар ќе ги дознаеме на 17 октомври, кога е закажано извлекувањето на главните награди.
Во наградната игра ќе бидат доделени 60 дневни, 12 неделни и 2 главни награди, а секоја трансакција од минимум 300 денари преку НЛБ Visa кредитните картички носи нова шанса за награда.
Повеќе информации за наградната игра може да добијат на следниот линк.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




