НЛБ Банка со нова кредитна линија за стимулирање и развој на домашните компании
Објавено во: Мои пари 30 Август, 2022 13:23
НЛБ Банка Скопје во соработка со Развојната Банка на Република Северна Македонија (РБСМ) воведува нов кредитeн продукт за правни лица со субвенционирана каматна стапка. Станува збор за кредитен продукт на износ до 30.000.000 денари, со субвенционирана фиксна годишна каматна стапка до 4% и рок на отплата до 12 месеци. За него ќе можат да аплицираат домашните компании кои оствариле добивка во 2021 и се одлучиле истата да ја реинвестираат.
На овој начин Банката ја дава својата поддршка на македонските компании за нивна поголема ликвидност, а со тоа и на целата домашна економија, бидејќи ги стимулира бизнисите, својата остварена добивка во 2021 година да ја реинвестираат во нова технологија или човечки капитал. На тој начин компаниите добиваат можност на долг рок да ја зголемат додадената вредност на своите производи и услуги, да ја подобрат својата конкурентност и да станат поотпорни на макроекономските шокови.
НЛБ, како Банка која се грижи за своите клиенти и ликвидноста на домашните компaнии, со новата кредитната понуда и соработката со Развојната Банка на РСМ, дава значаен придонес за креирање на позитивна економска клима во државата.
Повеќе информации за овој кредитен продукт на НЛБ Банка клиентите можат да добијат на следниот линк https://bit.ly/3zZBnuq или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




